Ambrozija

„Зошто заминуваат нашите сограѓани“

AmbrozijaЦентарот за лековити билки и шумски плодови „Амброзија“ од Пехчево, на 4 април 2016 година, во салата за состаноци на општина Пехчево организираше јавна расправа на која ги презентираше резултатите од анкетата за миграциите. Во анкетата учествуваа сите засегнатите страни со овој проблем, а се спроведе во рамки на проектот „Преку интегрирано делување до намалување на миграциите“.

 

Ambrozija

Дваесет претставници на вклучените чинители од општините Берово, Пехчево, Делчево и Македонска Каменица учествуваа на јавната расправа. Покрај резултатите од анкетата, претставник на Агенцијата за вработување на Република Македонија – канцеларија во Берово ги презентираше мерките и можностите за вработување кои ги нуди Агенцијата.

На настанот беше прикажан и краток филм на тема „Зошто заминуваат нашите сограѓани“ во кој се сублимирани резултатите од спроведената анкета и фокус интервјуа. На крај се дискутираше за причините за иселување кои треба да се отстранат за останат потенцијалните мигранти во своите родни краеви. Дискусијата заврши со заклучоци и насоки за идното работење.

Проектот „Преку интегрирано делување до намалување на миграциите“ е поддржан од програмата Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор