Институт за европска политика: „Знаете, тие се само деца“

Овој документ ја анализира медијацијата и системот за правда за деца. Една од најупотребуваните фрази е онаа дека „Децата се нашата иднина“. Секое дете има право на услови и поддршка за да го оствари својот целосен потенцијал. Истовремено, системот не придонесува кон посветла иднина за децата кои дошле во конфликт со законот и нема емпатија и разбирање за нивното минато. Децата кои доаѓаат во конфликт со законот најчесто се и жртвите кои поминале многубројни негативни искуства во детството.

Потребно е да се даде приоритет на ресторативниот пристап преку медијацијата и други ресторативни мерки во сите фази на работење со деца и млади во системот за правда. Во овој процес, институциите треба да имаат интерсекторски пристап со холистичка стратегија, земајќи ја предвид пошироката заедница, поширокото семејство, училиштето, соседството и контекстот во кои се развиваат децата. Кривично-правниот систем треба да се води од околностите, возраста и потребите на детето, наспроти тоа да се води од големината и тежината на делото. Во оваа смисла, потребно е сите професионалци со кои детето доаѓа во контакт во рамките на правосудниот систем да бидат информирани и за тоа како траумата влијае на детето и на неговиот развој.

Документот е изработен во рамките на проектот „Медијација, без дилема!“, кој Институтот за европска политика го спроведува во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев, Комората на медијатори на Република Северна Македонија и Холандската федерација на медијатори. Проектот е финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

DOWNLOAD PDF

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор