[Aggregator] Downloaded image for imported item #48585

Завршија форумите „Гласот на жените во општинскиот буџет“ во Виница, Штип и Делчево

Во ВиницаШтип и Делчево успешно беа реализирани трите форуми за јавна презентација и застапување „Гласот на жените во општинскиот буџет“, чија цел беше да се поттикне поголемо учество на жените и граѓаните во процесите на креирање локални политики и општински буџети.

Форумите се дел од проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“, преку кој се отвори простор за дијалог, презентација на граѓански иницијативи и застапување за потребите на жените, девојките и ранливите категории граѓани на локално ниво.

Форумите се дел од проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“, преку кој се отвори простор за дијалог, презентација на граѓански иницијативи и застапување за потребите на жените, девојките и ранливите категории граѓани на локално ниво.

Погледнете кратко видео од форумите:

На настаните беа презентирани иницијативи насочени кон подобрување на секојдневниот живот во заедниците, со фокус на поголема безбедност, пристапност, информираност и родова еднаквост. Преку дискусија со присутните, беше истакната важноста од активно граѓанско учество во донесувањето одлуки кои директно влијаат врз животот на граѓаните.

Во Виница беа презентирани иницијативи поврзани со подигнување на јавната свест за родово базирано и семејно насилство, подобрување на пристапноста за лицата со телесен инвалидитет и мајките со деца, како и соодветно обележување паркинг места пред јавни објекти и институции.

Во Штип и Делчево, исто така, беа презентирани буџетски иницијативи и се разговараше за потребата од посилна соработка помеѓу граѓаните, граѓанските организации и локалните институции, со цел креирање поинклузивни и поодговорни општински политики.

Со реализацијата на форумите во трите града, уште еднаш беше нагласено дека гласот на жените мора да биде слушнат и вклучен во локалното планирање, особено кога станува збор за буџети, услуги и мерки кои треба да одговорат на реалните потреби на заедницата.

Продолжуваме да застапуваме, да информираме и да поттикнуваме активизам кој води кон родово инклузивни, пристапни и одговорни општини.

Форумите се дел од проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“, спроведуван од Гласен Текстилец во партнерство со ЕХО едукативно-хуманитарна организација и Иницијатива на невработени интелектуалци.
Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
Содржината на овој настан е единствена одговорност на Гласен Текстилец, ЕХО едукативно-хуманитарна организација и Иницијатива на невработени интелектуалци, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор