Youthcan transparent logo 300x136

Протокол за работа со млади во услови на кризи

Младите се меѓу најпогодените групи во услови на кризи, но истовремено претставуваат важен ресурс за поддршка, солидарност и отпорност на заедницата. Протоколот за работа со млади во услови на кризи воспоставува рамка за безбедно, координирано и ефикасно делување на младинските центри, младинските организации и институциите.

Цел на протоколот

Протоколот има за цел да обезбеди:

  • навремена поддршка и заштита на младите;
  • пристап до точни информации и соодветни услуги;
  • активно и безбедно вклучување на младите во кризни ситуации;
  • подобра координација помеѓу младинските организации, институциите и локалната заедница.

Клучни принципи

Работата со млади во услови на криза се темели на:

  • безбедност и принципот „не прави штета“;
  • почитување на човековите права и доверливоста;
  • недискриминација и инклузија;
  • активно младинско учество;
  • етичко и безбедно волонтирање;
  • координација со надлежните институции.

Три фази на делување

Протоколот ги организира активностите во три меѓусебно поврзани фази:

1. Пред криза – Подготвеност
Подготовка на младите и организациите преку едукација, проценка на ризици, воспоставување комуникациски канали, развој на безбедни простори и механизми за координација.

2. За време на криза – Реакција
Обезбедување навремени и проверени информации, психосоцијална поддршка, безбедни простори, упатување до соодветни служби и организирање на младински волонтерски активности во согласност со проценетите ризици.

3. По криза – Закрепнување
Поддршка за психосоцијално закрепнување, реинтеграција во образованието и заедницата, евалуација на активностите и јакнење на отпорноста за идни кризни ситуации.

Улогата на младите

Протоколот ги препознава младите во две улоги:

  • како корисници на поддршка и услуги, кои имаат право на заштита, информации и психосоцијална поддршка;
  • како активни учесници и волонтери, кои преку соодветна обука и координација можат безбедно да придонесат во справувањето со кризите.

Зошто е важен?

Со воспоставување јасни стандарди, улоги и механизми за координација, протоколот придонесува кон создавање поотпорни младински организации, подобро подготвени локални заедници и посилен систем за поддршка на младите во сите фази на една криза.

Проектот „Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“ се реализира од страна на Младите можат и Супортко Кочани, а поддржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Дисклејмер: Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Младите можат и Супортко Кочани и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Младите можат

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор