[Aggregator] Downloaded image for imported item #48830

Oнлајн сесија за добри локални практики за животна средина: РЕДИ Рециклажа

На 29 јуни 2026 година, Здружение СТАНИЦА ПЕТ организираше онлајн сесија посветена на иницијативата REDI Recycling, која се одржа преку платформата Zoom, со паралелен пренос во живо на Facebook.

Гостин на настанот беше Лејла Зекировска, проектен менаџер во Иницијативата за економски развој на Ромите – REDI, која ја презентираше иницијативата REDI Рециклажа – ромско социјално претпријатие кое работи на формализирање на неформалните собирачи на отпад и нивно препознавање како „Зелени агенти“. Преку својата работа, иницијативата придонесува кон развојот на циркуларната економија, подобрување на селекцијата на отпадот, особено пластика и хартија, како и кон создавање достоинствени можности за вработување и социјална инклузија на ранливите категории граѓани.

Во текот на сесијата беа презентирани искуствата од воспоставувањето и функционирањето на REDI Рециклажа, постигнатите резултати, како и предизвиците со кои се соочува иницијативата. Се разговараше и за можностите ваквиот модел да се преслика во други општини, како и за важноста на соработката помеѓу граѓанските организации, локалните самоуправи, јавните претпријатија и приватниот сектор во создавањето одржливи системи за управување со отпад.

Посебен интерес предизвика Facebook преносот во живо, преку кој следачите активно се вклучија во дискусијата со прашања и коментари. Најголем дел од прашањата се однесуваа на обезбедувањето долгорочна одржливост на иницијативата, можностите моделот да се имплементира во помали и рурални средини, потребните човечки, финансиски и институционални ресурси за започнување на вакви иницијативи, предизвиците кои можат да се појават при имплементација, како и предусловите за успешно формализирање на неформалните собирачи на отпад.

Настанот претставуваше значајна можност за размена на знаења и добри практики, поттикнувајќи дискусија за иновативни пристапи кон заштитата на животната средина, развојот на циркуларната економија и унапредувањето на локалниот активизам.

*Активноста е во рамки на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“, имплементиран од Здружение СТАНИЦА ПЕТ, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан”, имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а е финансиски поддржан од Европската унија.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор