Untitled Design(1)

„Во Дебар и дебарско медиумите наместо суштински теми за евроинтеграциите известуваат површно и протоколарно.“

„Во Дебар и дебарско медиумите наместо суштински теми за евроинтеграциите известуваат површно и протоколарно.“

Во Дебар и дебарско не се зборува многу за поединечните процеси и придобивките од евроинтеграциите, освен протоколарните извештаи сведени на дневна политика со многу малку експерти во улога на соговорници.  Се известува за средби меѓу нашите претставници и ЕУ или претставници на европските земји, а за фундаменталните вредности на кои почива европската унија речиси да нема содржини ниту на политичка , ниту на медиумска сцена. Но, граѓаните искажуваат голем интерес особено за  темите од економијата, владеењето на правото, социјалните прашања , вработувањата и други кои се однесуваат на нивниот поквалитетен живот.

За жал  и кога медиумите зборуваат за вакви теми тоа е ​​ површно, јазично и терминолошки неинтересно, што им пречи на граѓаните. Добар дел од нив дури и не разбираат  па тоа ги оттргнува од темите за евроинтеграциите. Наместо неразбирливи наративи во известувањето на медиумите за евроинтеграциските процеси вклучително и за овие поглавја  и натаму отсуствува или е многу малку застапен истражувачко-аналитичкиот пристап, со што, и покрај зголемениот интерес, продолжува старата, вкоренета практика на отсуство на про-активност.

Првиот човек на заедницата на единиците на локална самоуправа орце ѓорѓиевски, смета дека на локално ниво не се говори на темите и во медиумите не се отвораат суштинските.

„сметам дека не се говори многу често на таа тема, треба таа тема почесто да се отвора, да се говори. Треба и паралели, според мене, да се направат. Каква е состојбата во одредени развиени земји кои се членки на европската унија и што би било тоа што ние треба да го направиме за да напреднеме за да го видат тоа и нашите сограѓани и да имаат предвид на што ќе треба да се насочиме заеднички за наредниот период. Процесот на евроинтеграција не е само процес во којшто само  владата треба да учествува, или пак општините да учествуваат туку треба сите да учествуваме како граѓани во државата. Такашто сметам дека поголем фокус треба во наредниот период на тоа прашање“ – Орце Ѓорѓиевски , претседател на зелс

Од институтот за европска политика , една од малкуте преостанати невладини организации која го следи критички и информативно процесот на евроинтеграција, велат дека медиумските известувања посветени на евроинтеграцијата во голема мерка се насочени кон формалниот процес, кон процедурите, кон значајните состаноци во еу и извештаите, а мал е интересот за секторските политики на унијата. Слично на епи и од институтот за демократија „социетас цивилис“ оценуваат дека пред изборите и во текот на кампањата многу се известувало за „францускиот предлог“, за договорот со бугарија и за уставните измени, но темата за евроинтеграцијата по изборите исчезнала од медиумите и на некој начин бледнеела во јавноста.

Дел од експертите порачуваат медиумите да го зајакнат професионалниот и продлабочениот аналитички пристап кон евроинтеграциите, а во оваа насока треба да се зајакнат капацитетите на редакциите со специјализирани новинари од областа, кои ќе  одат подалеку од јавните изјави.

Ставот на еден од нив, Сефер Тахири е дека се потребни аналитички медиумски пристапи, но и телевизиски дебати и подкасти меѓудругото поврзани со развојот на економијата со посебен акцент кон привлекување странски инвестиции и кон невработеноста. Тој смета дека фокусот на медиумите треба да биде и влијанието на блокирањето на интеграцијата врз демографската димензија, поточно миграцијата на граѓаните во странство, особено на „одливот на мозоци“, главно во областа на ит и медицината.

Кога известуваат за ЕУ ​​ без разлика дали се наклонети на  евроентузијазмот  или евроскептицизмот медиумите  да ги обработуваат темите темелно и на  начин што ќе им ги предочат придобивките  кои ќе ги  имаат граѓаните од интеграцијата, затоа што на граѓаните речиси им се целосна непознаница поглавјата. На пример, ретко кој знае од граѓаните што опфаќаат  поглавјата 2 и 19 инаку од големо значење за социјалната политика, вработувањата и слободното движење на работниците, клучни за екзистенцијата на секој граѓанин. Во извештајот на европската комисија за напредокот на земјава за 2024 година се наведува дека не беше постигнат напредок во усогласувањето на националното законодавство со правото на еу за пристап до еу пазарот на труд.  Умерен напредок има во поглавјето 19 за слободното движење на работниците.

Шуип Марку

Оваа публикација е дел од проектот Учество на медиумите од Единицата за локалната самоуправа- Дебар во преговорите за членство на РС Македонија во ЕУ  кој е финансиран од програмата за грантови на проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство” финансиран од ЕУ, а спроведуван од Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ. За содржината на оваа публикација целосно е одговорен Центарот за одржлив развој на заедницата Дебар и не нужно ги одразува ставовите на Европската Унија“.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Центар за одржлив развој на Заедницата Дебар

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор