3

Обука за полиција за постапување во случаи на семејно насилство

Во периодот 20 до 21ви ноември 2024 година Здружение ЕСЕ во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) организираше обука за полициски инспектори и униформирани полициски службеници за подобрување на нивните знаења и вештини за работа на случаи на семејно насилство. Обуката се организираше во рамките на проектот „Зајакнување на пристапот до правда за жените што претрпеле семејно насилство“, кој Здружение ЕСЕ го спроведува со финансиска поддршка на фондацијата Квина Тил Квина од Шведска. На обуката учествуваа вкупно 24 номинирани лица, односно по тројца полициски службеници од Секторите за внатрешни работи од Скопје, Велес, Куманово, Штип, Струмица, Тетово, Битола и Охрид.

За обучувачи беа ангажирани лица кои се директно вклучени во воспоставувањето и градењето на формално-правниот систем за заштита од семејно насилство во последните 20 години, практичари со богато искуство во постапување во случаи од ваков вид и развивање и спроведување на програми за едукација на практичарите од надлежните институции и правосудството:  Катина Павловска, клинички психолог,  Цена Чаловска,  поранешна советничка во МВР, Стојан Михов,  поранешен кривичен судија од Основен суд.

Како резултат на обуката претставниците на полицијата ги подобрија своите знаења и вештини за постапување во случаи на семејно насилство, односно обуката придонесе за:

  1. подобрено разбирањето за природата, карактеристиките и динамиката на семејното насилство, што е значајно за  зголемување на сензитивноста на полицијата за препознавање и соодветно постапување согласно сложеноста и специфичноста на  случаите на семејно насилство;
  2. ефективно спроведување на законските надлежности на полиција во однос на проценка на ризик, итната и привремените мерки за заштита, односно ефикасно спречување на насилството и обезбедување на сигурноста на жртвата и нејзините блиски лица;
  3. спроведување на ефективна истрага и кривичен прогон за кривичните дела кои се резултат на семејно насилство – препознавање и соодветно документирање на специфичните кривични дела поврзани со физичко, психолошко, економско и сексуално насилство.

Врз основа на евалуацијата на обуката во првата половина од 2025 година ЕСЕ ќе организира втора последователна обука за истата група на полициски службеници со цел продлабочување на стекнатите знаења и вештини.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор