Impakt net 1 copy

Велес може и треба да биде зелена и просперитетна општина

Фондацијата Импакт Нет од Велес, на 25 јануари 2023 ја организираше трибината Заеднички заложби за трансформативни практики кон зелена и просперитетна општина на која, покрај ученици од средните училишта, учествуваа и дел од општинските советници, пратеници во македонското собрание од Велес, претставници на општината и на граѓанските организации. 

Велешките средношколци побараа повеќе засадени дрвца во градот, воспоставување зелен катастар со кој ќе се води грижа за нив и обнова на изгорената шума околу Езеро „Младост“. Говорниците побараа од сограѓаните поретко да ги користат возилата, а почесто велосипедите и електричните тротинети, а од локалната власт побараа да им обезбеди безбедни пешачки патеки. Петре Цилаков, раководителот на секторот урбанизам, заштита на животната средина, комунални дејности, евроинтеграции и локален економски развој информираше за активностите на општината за обновата на постојните и за подигањето нови зелени површини во градот за минатогодишната акција за пошумување над Езеро „Младост“ и за чистењето на неколку диви депонии.

Пратеникот Игор Здравковски појасни дека надлежните прават напори до 2025 да се направи депонија за управување со цврст отпад, а до 2027 пречистителна станица за отпадните води во реката Вардар. Советникот Димитар Абрашев се осврна на амбиенталниот воздух и потребите од повеќе мерни станици во градот. Тој им вети на присутните дека ќе се заложи во Советот да се вработи еколошки инспектор кој редовно ќе ја следи состојбата и навреме ќе алармира за сите нарушувања. „Не е во ред лани за екологија, Општина Велес да вложи 10 милиони денари, за оваа 2023 година тој износ да ги намали на 8 милиони денари“, потенцира Абрашев. 

impakt_net_1_-_copy

Советничката Елизабета Митревска Анѓелеска, побара од граѓаните да го прилагодат начинот на живеење и потсети на субвенциите кои Општина Велес им дава на граѓаните за купен велосипед и инвертер клима со кои не се загадува амбиенталниот воздух. За важноста на зеленилото зборуваше и Лилјана Поповска од Зелениот институт, која додаде дека државата треба да биде целосно посветена на имплементација на Европскиот зелен договор и Зелената агенда за Западен Балкан.

Според Стевче Дечев, координатор на проектот, ваквите активности се поттик за младите и нивните очекувања од политичарите, особено ветувањата дадени на последните избори. „Одбравме четири фокус точки: преработката на отпад, јавен градски транспорт, зеленилото и неговиот квантитет и квалитет. Едноставно сакаме да веруваме дека овие ветувања ќе најдат конкретна реализација. 

Мобилизаторите на заедницата Стефан Атанасовски Трајковиќ и Благој Ѓорѓиевски истакнаа дека политичките партии, советниците и парламентарците се под будното око на граѓаните и граѓанскиот сектор во спроведувањето на Програмата за животна средина. На трибината, Иван Трифунов го промовираше концептот на Апликацијата: Зелена мапа која ќе биде се доработи со младите и ќе се промовира во март како дел од активностите на проектот. 

Трибината е овозможена со проектот  „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор