KHAM logoНа 29.03.2016 година (вторник), со почеток во 14 часот, во клубот ГЕМ во Скопје организацијата КХАМ од Делчево ќе ја одржи тркалезната маса на тема „Иницијатива за бесплатни стоматолошки услуги за деца од 7 до 14 години чии семејства се корисници на социјална парична помош“.

Тркалезната маса ќе овозможи да се утврди потребата и ставовите на граѓанските организации кои работат на правото на здравје и да се извлечат насоки за текот на иницијативата.

Активноста е во рамки на програмата на Civica Mobilitas, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот Центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација SIPU