Како средношколците ја разбираат трговијата со луѓе – презентација на истражувачки извештај
Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), на 30 март 2016 година, во Центарот за развој на младите – Гостивар (општинска зграда) ќе го презентира Извештајот од истражувањето за перцепциите и сфаќањата на средношколците и ранливите групи за современите форми на трговија со луѓе во Куманово и Гостивар.
Покрај информацијата за проектот и презентацијата на Истражувањето, претставници од Секторот за внатрешни работи и Центарот за социјални работи од Гостивар ќе зборуваат за превенција од трговија со луѓе по што ќе следи дискусија. Заинтересираните можат да го потврдат учеството на телефон 042/22 11 00.
Истражувањето е дел од проектот „Превенција од современите форми на трговија со луѓе“, што го спроведуват Ц.Р.З. „ДРОМ“ во партнерство со АДИ. Цел на проектот е превенција на трговијата со луѓе преку зголемување на свесноста на средношколците и ранливите категории на граѓани за современите формите на трговија на луѓе кои се во пораст, како што се трудовата експлоатација, принудно питачење, принудно вршење кривични дела и внатрешна трговија.
Проектот е поддржан од Цивика Мобилитас


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #51760](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/viber_image_2026-10-01_17-18-23-732-e1791386995528_mcms-768x512.jpg)


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #51688](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/840133774_17959130763235552_502814887244435070_n-768x512.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #51690](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/835640454_10243132301386325_6319941414456541047_n-768x358.jpg)
