[aggregator] downloaded image for imported item #39625

Текстилијада 9: Повик за волонтери!

Објавуваме Повик за Волонтери за настанот Текстилијада 9, кој ќе се одржи на 3 и 4 октомври 2025 година. Ако сте љубители на промени и сакате активно да учествувате во создавањето на еден од најголемите наши настани, ова е вашата шанса!

Што ќе добиете како волонтер?

✨ Нови вештини и искуства кои ќе ви помогнат во личниот и професионалниот развој;
🤝 Деловни контакти и можност да се поврзете со истомисленици;
🎉 Уникатна можност да бидете дел од најголемото случување во Штип, како предизвикувач на промени.

Како да се пријавите?

Пополнете ја нашата пријавна форма тука: https://forms.gle/tHNnNaMGc8DMW7526
Пријавете се најдоцна до 20 септември 2025 година.

Одговорности и задачи:

Учество во техничко-логистичките подготовки на настанот и учество на самиот настан.

Ви благодариме и со нетрпение ве очекуваме да бидете дел од оваа авантура!

Дополнителни информации, можете да добиете на електронската адресa: info@glasentekstilec.mk

Повеќе информации за организацијата Гласен Текстилец можете да најдете на следниот линк: glasentekstilec.mk

За сите детали во врска со Текстилијада, посетете ја следната страница: Текстилијада 2025

Трошоците за храна, патни трошоци и сместување во целот ги покрива Гласен текстилец.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор