Javen povik 2

ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ Креирање на Феминистички Туристички Водич

Регионален процес на ко-креирање
септември – ноември 2025
Северна Македонија • Србија • Албанија

Подготвени ли сте да станете дел од мапирање на феминистичкото културно наследство во регионот?

По успешната регионална Обука за феминистички туризам, културно наследство и претприемништво, го продолжуваме процесот со втората активност на проектот „Uncovering HERstory: Empowering Youth and Preserving Feminist Heritage“, каде млади луѓе ќе истражуваат, документираат и ко-креираат феминистички туристички патеки низ своите земји.

Избрани учесници ќе учествуваат во:

  • Истражувачки процес на локално ниво (интервјуа, документирање, анализа)
  • Три локални работилници во Скопје, под менторство на експерт од областа на културното наследство:
  • 20 септември 2025
  • 18 октомври 2025
  • 8 ноември 2025
  • Ко-креирање на Регионален феминистички туристички водич кој ќе ги спои Северна Македонија, Србија и Албанија
  • Размена на искуства со млади од регионот и презентација на локалните приказни на мапата на феминистичкото наследство

Зошто да се пријавиш?

  • Ќе стекнеш практични вештини за истражување, креативно пишување и документирање
  • Ќе соработуваш со историчари, активисти и уметници
  • Ќе станеш дел од тимот што го создава првиот феминистички туристички водич за Западен Балкан
  • Ќе добиеш сертификат и можност да бидеш водич во финалната тура

Кој може да се пријави?

  • Млади од 18 до 29 години од Северна Македонија, Србија или Албанија
    • Учесници од рурални и маргинализирани заедници се охрабруваат да се пријават
    • Претходно учество на регионалната обука е предност, но не е задолжително
    • Подготвеност за теренска работа, локални активности и креативен придонес

Како да се пријавиш?

За да учествувате во работилниците, и во процесот на креирање на Водичот, пополнете го формуларот тука

Рок за пријавување: 15 септември 2025 година

Сите трошоци за учество се целосно покриени од страна на организаторите.

За повеќе информации: dragana.karovska@hera.org.mk

Работилниците се дел од проектот „Uncovering HERstory“ во соработка меѓу ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување (С. Македонија), CPPSD (Србија) и ACPD (Албанија), а со поддршка од ALDA – European Association for Local Democracy, во рамки на #BOOSTGrants програмата, Ambassade de France à Skopje и AFD – Agence Française de Développement

 

 

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА Скопје

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор