[aggregator] downloaded image for imported item #39651

NextGen Намалување на штетите: Подготвени за иднината, заедно

Светот на психоактивните супстанци постојано се менува. Секоја година се појавуваат нови синтетички дроги побрзо отколку што заедниците и институциите можат да реагираат. За младите и за професионалците во областа на намалување на штетите, оваа брза промена носи ризик и неизвесност: како да се подготвиме за предизвикот кој сè уште не е целосно присутен?

Според Европскиот извештај за дроги 2025, повеќе од 950 нови психоактивни супстанции се следат во Европа, со нови 40 само во 2024 година. Се проценува дека 83 милиони возрасни лица (на возраст од 15-64 години) во ЕУ пробале нелегални дроги барем еднаш во животот, а начинон на употреба станува сè покомплексен. Дигитализацијата на пазарот на дроги — со премин од dark web на социјалните мрежи и шифрираните апликации — ги прави традиционалните пристапи помалку ефективни и создава нови непознати области.

А ризиците почнуваат уште од рана возраст. Истражувањето ESPAD од 2019 година покажува дека до 6,6% од европските средношколци (на возраст од 15-16 години) пријавиле дека пробале синтетички психоактивни супстанции барем еднаш во животот. Ова ги става тинејџерите на првата линија на пазар што се развива со непредвидлива брзина, скриени здравствени ризици и потенцијални долгорочни последици за менталното здравје и општествената благосостојба.

За земји како С. Македонија, каде што НПС сè уште не влегле „на големата врата“, ова е исто така ретка можност: да се подготвиме однапред, да шириме информации, едуцираме и да градиме капацитети пред да се создадат најтешките штети.

Тука влегува NextGen Намалување на штетите. Овој проект, поддржан од Еразмус+, ги обединува водечките организации од Португалија (GAT), Романија (ARAS), Србија (Re Generation)и Северна Македонија (HOPS), за да креираат иновативни локални одговори на порастот на употребата на новите психоактивни супстанции. Преку размена на експертиза, создавање креативни алатки и со фокус на младите и заедницата, конзорциумот гради мапа за тоа што ќе следи.

NextGen Намалување на штетите на овој предизвик одговара со комбинирана визија:

  • Пристап воден од врсници и вклучување на заедницата, со цел луѓето кои користат дроги — особено младите — да бидат комуницирани во простори во кои имаат доверба и во кои се чувствуваат пријатно, како онлајн така и офлајн.
  • Професионална и институционална подготвеност, подготвувајќи ги докторите, фармацевтите, социјалните работници, наставниците и другите професионалци, со знаење и дигитални вештини за препознавање на ризиците, безбедно советување и интегрирање на намалувањето на штетите во училиштата, клиниките и заедничките служби.
  • Застапување за системски промени, вклучувајќи национални стратегии, закони и политики, така што намалувањето на штети да стане признат, финансиски поддржан и одржлив столб, кој поддеднакво го поддржува јавното здравје, општествената благосостојба и културната интеграција во земјата. Потребна е јасна и поддржувачка правна рамка не само за одржување на услугите, туку и за заштита на поединците, семејствата и заедниците — осигурувајќи дека луѓето не се криминализираат заради употребата на дроги, туку наместо тоа им се нуди едукација, поддршка и третман на достоинствен и хуман начин.

Што градиме

  • Сеопфатна онлајн едукативна платформа за намалување на штети и НПС (во развој), која покрива различни видови на супстанции, превенција од предозирање, проверка/анализа на составот на супстанциите и онлајн теренска работа.
  • Водичи за професионалци, преточувајќи ги доказите во практични чекори за училиштата, здравствените интитуции, ноќните клубови и заедниците.
  • Пилот онлајн теренска работа и услуги — анонимни разговори/советување, телефонски линии за поддршка и форуми — ко-дизајнирани со заедниците (корисници на НПС и нивните семејства), поврзувајќи ги луѓето директно со потребните услуги.
  • Размена на ексепертиза и застапување — преку организирање работилници, теренски посети на успешни проекти и политички тркалезни маси — со цел да се зајакне прекуграничната соработка и да се гарантира дека принципите за намалување на штети се интегрирани во јавните системи и културните наративи.

Справување со стигмата

Сепак, градењето компетентност не е доволно без справување со стигмата. Стигмата ги изолира луѓето, ги тера да се кријат и им отежнува на службите да допрат до оние кои имаат најголема потреба. Затоа NextGen ја нагласува анонимноста и безбедноста на своите сервиси: обезбедувајќи им на заедниците да останат невидливи кога тоа е потребно, но сепак да имаат пристап до потребните информации и грижа. Во денешниот дигитален свет ова е посебен предизвик — автоматизираните алгоритми често не го препознаваат контекстот и не прават разлика помеѓу содржина што промовира дроги и содржина што предупредува на ризиците и нуди поддршка со што се ограничува пристапот до информации што спасуваат животи. NextGen Намалување на штетите работи да обезбеди овие пораки да останат достапни и безбедни.

NextGen Намалување на штетите ја консолидира поддршката на заедницата, институциите и правната рамка, обезбедувајќи С. Македонија да биде подготвена да ги ги дочека предизвиците на новите психоактивни супстанции — со емпатија, компетентност и солидарност.


Финансирано од Европската Унија. Ставовите и мислењата искажани во оваа објава се исклучиво на авторите и не ги одразуваат нужно ставовите на Европската Унија или на АНПЦДЕФП. Европската Унија и АНПЦДЕФП не сносат одговорност за нивната содржина

The post NextGen Намалување на штетите: Подготвени за иднината, заедно appeared first on ХОПС.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор