Untitled Design(7)

Повик за учество на обука за врснички едукатори/едукаторки на теми од Законот за работни односи, дискриминација и мобинг/булинг

Здружението „Гласен Текстилец“ од Штип, објавува повик за средношколци за учество на работилница за врснички едукатори/едукаторки на тема: Едукација на 10 врснички едукатори/ки во врска со Законот за работни односи, дискриминација и мобинг/булинг, кои подоцна ќе едуцираат над 150 млади од Источен регион во рамките на проектот „Организирани граѓани за организирана иднина“, финансиски поддржан од Olof Palme International Center и Шведска.

Компоненти на обуката:

Дел 1: Пријавување и селекција;

Дел 2: Обуки за селектираните врснички едукатори од средните училишта од наведените градови (еднодневна во Штип);

Дел 3: Врснички едукации од страна на обучените едукатори во нивните матични училишта.

Ги повикуваме да се пријават сите заинтересирани средношколци од општините од источниот и вардарскиот регион (Штип, Кочани, Виница) најдоцна до 29 септември 2025 година, кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • Да се средношколци во општините во наведените градови во тековната и во наредната учебна година (2025/26);
  • Да се мотивирани и амбициозни да водат врснички работилници со средношколци во нивните училишта.

За работилницата ќе бидат селектирани најмалку по двајца ученици од секое училиште во општините наведени во повикот.

Трошоците од самата обука ќе бидат покриени од страна на Гласен Текстилец.

Пријавувањето се врши со пополнување на следниов линк: https://forms.gle/CCbAv49ZKLivoe9T8

Повеќе информации можете да добиете на електронската адреса: info@glasentekstilec.mk  или телефонски на 075 316 108.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор