Средба на премиерот Заев со црногорскиот амбасадор Митровиќ

Средба на премиерот Заев со црногорскиот амбасадор Митровиќ: Македонија е поставена на евро-атлансткиот пат, очекувањата се дека ќе биде 30-та членка на НАТО

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Република Црна Гора во Република Македонија, Предраг Митровиќ.

Самитот во Подгорица го потврди традиционалното пријателство помеѓу двете држави и отвори перспективи за надоградување на билатералната соработка и заедничко дејствување на регионален план, е заедничката оценка на премиерот Заев и црногорскиот амбасадор Митровиќ.

На средбата, премиерот Заев соопшти дека Владата на Република Македонија ја постави државата на евро-атланскиот пат и дека сега ги прави сите потребни чекори за реализација на овие две стратешки цели за државата.

„Членството на Црна Гора во НАТО и напредокот на државата кон ЕУ е импулс што мотивира. Очекувам Република Македонија да биде следната 30-та членка на НАТО. Се надевам дека во брзо време ќе ја добиеме поканата за НАТО. Исто така Владата води реформски процес што очекувам да ги забрза и европските интеграции и Република Македонија конечно да добие датум за ЕУ“ рече премиерот Заев.

На состанокот е констатирано дека промените во Република Македонија отворија можности за напредок на Македонија на меѓународен план, продлабочување на соработката со Црна Гора и со другите држави на регионален план, како и за економски развој што ќе го олесни животот на граѓаните во државава и ќе придонесе кон квалитетен животен стандард.

Премиерот Заев и црногорскиот амбасадор Митровиќ на средбата разговараа за унапредување на соработката помеѓу Република Македонија и Република Црна Гора на полето на економијата, туризмот, земјоделството, за можноста за отворање авиолинија, за поедноставување на административните бариери.

ИЗВОР: http://www.vlada.mk/node/13197

Продолжи со читање

  • Предновогодиншна волонтерска забава

    На 26.12.2025год. (петок) во просториите на Младиснкиот Центар Матично во Скопје, се одржа традиционалната предновогодиншна волонтерска забава организирана од страна на Сојуз на извидници на Македонија . На оваа забава имаше гости од страна на секој одред во државава, а воедно од нашиот одред учество земаа 15 членови. The post…

  • ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА „ЕКО ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ПРИЛЕП“ ЗА ТРЕТИОТ #ЗЕЛЕНПЕТОК

    Во рамки на иницијативата #ЗеленПеток, се одржа ликовната изложба „Еко перспективиза Прилеп“, како дел од третата по ред месечна акција #ЗеленПеток, посветена наподигнување на еколошката свест и поттикнување активен дијалог во заедницата. Изложбата ги претстави уметничките изработки на млади учесници од Прилеп, создадениза време на едукативна ликовна работилница реализирана во ноември 2025 година, ворамки на…

  • Национална конференција „Младите во борбата против корупцијата“

    Во рамки на проектот „Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање во Северна Македонија“ беше организирана Национална завршна конференција „Младите во борбата против корупцијата“. На конференцијата се собраа граѓански организации, креатори на политики, младински лидери и членови на заедницата за да дискутираат за резултатите од проектот.

  • Работилница во ВПД Тетово: Поддршка на ресоцијализацијата на децата преку едукација, музика и грижа

    Хелсиншкиот комитет за човекови права одржа работилница со децата во Воспитно–поправниот дом Тетово, во рамки на проектот „Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции“, финансиран од Европската Унија. Работилницата беше конципирана во два дела, со цел да се создаде безбедна и поддржувачка средина што придонесува кон […]
    Read More… from Работилница во ВПД Тетово: Поддршка на ресоцијализацијата на децата преку едукација, музика и грижа
    The post Работилница во ВПД Тетово: Поддршка на ресоцијализацијата на децата преку едукација, музика и грижа appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Видео: Младите жени против онлајн насилство (Young Women Counter)

    Во рамки на проектот Младите жени против онлајн насилство (Young Women Counter), заедно со експерти, зборуваме за препознавање и спречување на родово базирано онлајн насилство. 🌐💪 Ова видео е дел од нашите напори да ги поттикнеме младите жени да се чувствуваат посилни, информирани и безбедни на интернет. 🔎 Научете:✔️ што…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор