Билјана Гарванлиева: Иднината на климата лежи во промена на мислата
Објавено: 15/08/2017
На третото издание на Трпеза филм фестивал, кој ќе се одржи на 19 и 20 август 2017 година во Задруга Артикултура, Битола, тема ќе бидат климатските промени и земјоделството. На таа тема ќе биде прикажан документарниот филм „После дождот“ на македонската режисерка Билјана Гарванлиева. Со вклучувањето во програмата на фестивалот сакаме да и оддадеме почит на оваа авторка, која во своите филмови третираше важни теми од нашето опкружување. По тој повод ви пренесуваме дел од нејзините размислувања, дадени во интервју на новинарката Катерина Богоева од „Утрински весник“. Најновиот документарен филм „После дождот“ тематски е поврзан со климатските промени во кој мошне суптилно приказната ја водат жени поврзани со земјата, почвата, растенијата и небото над нив. Како ја составувавте, каде ја снимавте и каква порака содржи? Искрено речено, со мерак ја составував приказната. Бидејќи повеќето време го поминувам на стол, повторниот контакт со земјата при снимањето по нивите низ Струмичко, Радовишко