Спроведени две тркалезни маси на тема „Создавање на овозможувачка околина за вклучување на жените на пазарот на трудот“
На 28.06.2017 година, во салата на Општина Штип, додека на 27.06.2017 година во Општина Битола, АНТИКО во партнерство со CARE Германија – Луксенбург спроведе првите 2 тркалезни маси со социалните партнери на тема „Создавање на овозможувачка околина за вклучување на жените на пазарот на трудот“. Одзивот на преставниците од релевантните институции и развиената дискусија, заклучоците и препораките, како и медиумската покриенност беа на ниво на очекувањата. Десет (10) планирани, тркалезните маси, дебатите и јавни сослушувања со преставници од релевантните институции, социјалните партнери,цивилниот сектор и граѓаните/ките се дел од активностите во рамките во рамките на ЕУ проектот „Вклучување на жени од етнички заедници на пазарот на трудот“.
Програмскиот и проектниот тим на 29.07.2017 година продожува со одржување на уште 2 слични настани – во ТЕТОВО и во СКОПЈЕ.