рурална коалиција

Соопштение до медиуми од Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество бара да се направи ребаланс на буџетот за да се предвидат средства за реализација на Предлог-Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија за 2022 година.

Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество не се согласува со запирањето на постапката за донесување на Предлог-Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија за 2022 година. Со ваквата одлука, Владата ја напушта досегашната добра пракса за консултации со Советот и со граѓанските организации, што е спротивно на нејзините заложби декларирани во Програмата за работа на Владата 2022-2024 година, особено во делот на обезбедување поволно опкружување за работа на граѓанското општество и реформата на државното финансирање на граѓанските организации.

Советот, како што беше случај и во изминатите четири години, по спроведување на широк процес на консултации со граѓанското општество ја подготви и донесе Предлог-програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Генералниот секретаријат на Владата за 2022 година. За жал, Предлог-Програмата беше тргната од дневен ред на седница на Генералниот колегиум на државни секретари, поради негативно мислење од Министерството за финансии со образложение дека средствата во износ од 15.000.000 денари планирани во буџетот на Генералниот секретаријат се строго наменски. Имено, при разгледување на Дополнетиот-Предлог Буџет, во владина процедура е нотирано дека средствата во висина од 15.000.000 денари ќе бидат наменети за потребите на Црвениот крст на Република Северна Македонија, а за финансирање на програмските активности на здруженијата на граѓани и фондациите се планирани средства во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Прочитај повеќе…

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор