Slow Wine од своето прво издание: Нека водата и почвата бидат во фокусот на еколошката транзиција
Објавено: 11/04/2022
Над 500 производители од 19 земји, зедоа учество на првото издание на Slow Wine Fair кое се одржа во Болоња, Италија. Меѓу земјите учесници беше и Македонија.
„Сега, откако се сретнаа сите протагонисти на Слоу Вајн коалицијата (Slow Wine Coalition), имаме поголемo познавање за колективните промени со кои се соочуваме и подобри алатки за да се соочиме со сите нив“, Џанкарло Кариљо, координатор на Слоу Вајн коалицијата.
