Sim1 1536x1152

Работна средба помеѓу старешинството на ИО “Димитар Влахов“ и на СИМ

На 7.10.2025 год. (вторник) во Домот на НВО во Велес се одржа работна средба помеѓу старешинството на извиднички одред “Димитар Влахов“ Велес и старешинството на Сојуз на извидници на Македонија. На средбата учество зема старешината на СИМ Миќо Стојановски со членови на старешинството на СИМ и извршната канцеларија на СИМ. А од страна на извиднички одред “Димитар Влахов“ учество земаа членовите на старешинството на одредот и надзорниот одбор на одредот. Оваа средба беше по барање на старешинството на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес се со цел да се надминат некои недоразбирања.

На средбата се работеше по следниот дневен ред:

  1. Помош и поддршка во развојот на извидничкото движење во Велес
  2. Несогласување и начин на соработка помеѓу СИМ и ИО Д.Влахов
  3. Отчетност на Старешинството на СИМ и УО на ИЦО Охрид
  4. ИЦО Охрид – Развој и негово функционирање
  5. Тековни прашања

На оваа продуктивна средба се отворија голем број на прашања кои беа во насока на развојот на извидништвото во Велес и надминување на недоразбирањата помеѓу нашиот одред и старешинството на СИМ. На оваа средба беа догворени понатамошни активности помеѓу нашите два субјекти.

The post Работна средба помеѓу старешинството на ИО “Димитар Влахов“ и на СИМ appeared first on Scout Veles.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Извиднички одред “Димитар Влахов“ - Велес

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор