рк

Прва работилница за креирање на програма за рурален развој и туризам

Ја одржавме првата работилница за рурален туризам во општина Кичево каде што на едно место ги собравме локалните чинители од Кичевскиот регион и реонот на Илинска планина за да го отпочнеме процесот на планирање и креирање на локалната програма за рурален развој и туризам

Работилницата наиде на огромен одѕив од страна на локалното население, институциите и граѓанските организации, па имавме навистина плодна и сеопфатна дискусија што се треба да содржи програмата за рурален развој и туризам која што за прв пат како ваков документ се креира во Општина Кичево

На оваа прва работилница дискутиравме за силните и слаби страни на локалниот туризам и рурален развој, но ги утврдивме можностите и заканите за сепак да може да поставиме реална основа на она што заеднички ќе го испланираме, а понатаму и заеднички ќе го реализираме

На работилницата присуствуваат и сопственици на нови бизниси како ранч со коњи отворени токму во руралните средини на регионот, што само говори за потенцијалот кој што го има регионот, а чии што насоки за развој за прв пат ќе бидат ставени на хартија. Работилницата ја спроведовме со експертската поддршка на Правен факултет – Кичево, Универзитет “Св. Климент Охридски” – Битола кои што се наши надворешни соработници

Оваа работилница е дел од активностите предвидени во проектот “Патот до селото: Создавање на одржлив рурален развој во срцето на природата“ кој што Рурална Коалиција го спроведува како подгрант финансиран во рамките на проектот „Одржливо користење на природните ресурси во Кораб Коритник, Шара и Албанските Алпи“, а се имплементира од страна на канцелариите на ЦНВП Северна Македонија и Албанија и е финансиски поддржан од ПОНТ.

Оваа вест изворно е објавена на сајтот на Рурална коалиција Кичево 

Продолжи со читање

  • Отворена канцеларија: Пријави повреда на избирачко право!

    Хелсиншкиот комитет за човекови права ги известува граѓаните дека во недела, 19 октомври 2025 година, канцеларијата на Комитетот ќе биде отворена во текот на целиот ден со цел да им овозможи на граѓаните да пријават  повреда на избирачкото право за време на првиот круг на Локалните избори. Комитетот ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека […]
    Read More… from Отворена канцеларија: Пријави повреда на избирачко право!
    The post Отворена канцеларија: Пријави повреда на избирачко право! appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Хелсиншки комитет остро реагира против злоупотребата на деца во политички цели

    Хелсиншки комитет за човекови права најостро реагира на сѐ почестите случаи на злоупотреба на деца и малолетници во политички активности во пресрет на претстојните локални избори. Иако официјалната изборна кампања завршува за неколку дена, на социјалните мрежи може да се забележат бројни фотографии и видеа каде децата се злоупотребени за политички цели од страна на […]
    Read More… from Хелсиншки комитет остро реагира против злоупотребата на деца во политички цели
    The post Хелсиншки комитет остро реагира против злоупотребата на деца во политички цели appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Кога се штеди на превенција, последиците се скапи – граѓанските организации и институциите со заеднички повик за поголеми вложувања во превенцијата

    Граѓанските организации и институциите од здравствениот сектор отворија јавен дијалог за унапредување на пристапот до квалитетни превентивни здравствени услуги за жените, девојките и ранливите групи, на тематскиот форум „Кога се штеди на превенција, последиците се скапи“ одржан на 15.10.2025 година. Главните заклучоци од дискусијата се дека неопходно е вклучување на…

  • Средба со претставници од институциите, експерти и бизнис заедницата

    Finance Think организираше средба со претставници од институциите, експерти и бизнис заедницата на тема „Праведна енергетска транзиција: Кои се придобивките, а кои ризиците“. Клучните заклучоци се: Економски придобивки преку заштеди во цената на електричната енергија за домаќинствата и зголемена конкурентност на компаниите. Почиста и поздрава околина преку поголемо користење на обновливи извори на енергија. Координација […]
    The post Средба со претставници од институциите, експерти и бизнис заедницата first appeared on Finance Think.
    The post Средба со претставници од институциите, експерти и бизнис заедницата appeared first on Finance Think.

  • Работна средба помеѓу старешинството на ИО “Димитар Влахов“ и на СИМ

    На 7.10.2025 год. (вторник) во Домот на НВО во Велес се одржа работна средба помеѓу старешинството на извиднички одред “Димитар Влахов“ Велес и старешинството на Сојуз на извидници на Македонија. На средбата учество зема старешината на СИМ Миќо Стојановски со членови на старешинството на СИМ и извршната канцеларија на СИМ….

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор