рурална к

Женска рурална акција: Панел дискусија на тема: Како до родово-одговорни одржливи локални заедници?

Женската рурална акција за родово-одговорни локални заедници започна!

Во саботата, на 01-ви март ја отворивме кампањата преку која што цел овој месец март ќе застапуваме за унапредување на родовата еднаквост во локалната заедница, но и за создавање на родово-одговорни локални заедници

На панел дискусијата, деканката на Правниот факултет во Кичево, Проф. Д-р. Светлана Вељаноска истакна дека жените и девојките се застапени во поголем број во правната професија,. Факултетот постојано собира родово разделени податоци и вложува во развојот на свеста за родовата еднаквост кај студентите преку огромен број на формални и неформални едукативни активности, за да може штом излезат студентите од високото образование и реално да ги применат знаењата и да се вложат во практикувањето на родовата еднаквост како во својот личен живот, така и во својот професионален развој. Ја раскажа и својата лична приказна упатувајќи ја пораката до присутните дека никогаш не е доцна за да вложите во себе и сопствениот развој

Професорката по казнено право, исто така на Правен факултет – Кичево, Универзитет “Св. Климент Охридски” – Битола, Пакизе Туфекџи, говореше за соработката со институциите, каква е реалната состојба со семејното и родово-базираното насилство, но и за предизвиците поврзани со истражувањето на овие теми, како и стереотипите и традиционалните бариери со кои што се соочуваат жените во локалната заедница, особено жените кои што се припаднички на другите етнички заедници. Самата таа доаѓа од турската етничка заедница и сесрдно се залага за надминување на овие стереотипи и бариери

Сузана Тасевска, пак ни беше горд пример за жена која што знае како се менаџира со кризи и што значи да си раководителка на Центар за управување со кризи, што значи да си постојано помеѓу доминантно машки свет, а воедно да сте најуспешни и во стрелање, пукање од огнено оружје и да имате чин во одбраната. Дополнително, говореше за предизвиците, но и поддршката од најблиските за да се насочи и надградува во областа одбрана која што претежно се смета за „машка област и професија“ и дека има голем број жени и девојки на кои што не им било овозможено да го добијат образованието што го сакаат затоа што избрале образование и професија која во околината се смета за “машка професија“. Животниот пат од Штип ја носи во Кичево каде што го гради и својот личен и својот професионален живот

Дарко Белески, како раководител на Одделението за локален економски развој ја истакна потребата од соработка со граѓанските организации, па токму благодарение на соработката на Рурална Коалиција со општината, за прв пат програмата за локален економски развој ќе добие родови индикатори. Ја истакна исто така и важноста, но и потребата од собирање на родово-разделени податоци особено во делот на идентификување на специфичните потреби на жените и мажите, но и мапирање на мерки, области, активности кои што ќе ги тагираат клучните потреби во локалната заедница, а ќе го унапредат и процесот на планирање и програмирање на општината

Нашата пак извршна директорка, Лилјана Јоноски, говореше за потребата од вклучување на сите чинители во локалната заедница кога се говори на теми поврзани со родовата еднаквост. Едукацијата, споделувањето на информации и знаења, отворената соработка од страна на институциите и локалните власти, вклучувањето во процесите на донесување на локални одлуки се единствениот пат кој што може да донесе родово-сензитивни позитивни промени во заедницата. И таа ја раскажа својата лична приказна, а и испрати порака дека без оглед на тоа кој каде се наоѓа треба да го даде својот максимум во она што го работи и со самото тоа да придонесе кон подобрување на квалитетот на живот во заедницата подеднакво за сите, а со тоа придонесува и кон создавање на долгорочен одржлив развој на локалната заедница што во овие времиња ни е повеќе и од потребно

Панел дискусијата ни ја водеше @Огнен Јанески, а истата ја одржавме на Китиното Кале кое што ни го отстапи Општина Кичево. Китиното Кале го изградил Крали Марко за неговата сестра, кнегињата Кита, со што и сакавме да испратиме порака дека жените ги имало уште многу одамна и на високи позиции и нивното делување во заедницата било повеќе и од значајно, а особено нивната вклученост во донесувањето на политичките одлуки

Оваа иницијатива е дел од проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово инклузивни политики“, реализиран од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, a финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада

HERABritish Embassy Skopje#GenderEqualityNow#localcommunity



Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Рурална коалиција Кичево

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор