Презентирана методолгијата за родово-одговорно буџетирање во општина Јегуновце
И понатаму ја продлабочуваме соработката со општина Јегуновце во насока на зголемување на еднаквите можности во локалните заедници и креирање на родово-одговорни одржливи општини
Овој пат на нашата заедничка средба беа присутни дел од советниците во општината, општинската администрација, дел од членовите на Комисијата за еднакви можности, но и вработени во секторите образование, култура и спорт
Сите присутни имаа можност да ја разгледаат детално методологијата за родово-одговорно буџетирање и да поставуваат прашања, да бараат дообјаснувања, но и да изнајдат алатки и мехнизми како оваа методологија може да се применува при креирањето и имплементацијата на програмите во општината
Методологијата веќе се спроведува во повеќе општини низ нашата држава, а една од нашите цели во рамките на проектот „Еднакви можности за СИТЕ: Градење на родово-одговорни одржливи локални заедници“ е токму креирањето на програми и мерки кои што во целост ќе одговараат на специфичните потреби на мажите, жените, но и на маргинализирани групи на граѓани, како и на лицата со попреченост
Од општината ја истакнаа подготвеноста да ја прифатат и воведат во планирањето методологијата за родово-одговорно буџетирање, а презентацијата на методологијата ја следеше и градоначалникот на општината Димитар Костадиноски
Оваа иницијатива е дел од проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово инклузивни политики“, реализиран од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, a финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Рурална коалиција Кичево



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #47076](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/04/logo-1-768x171.jpg)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #52691](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/11/03-Politickoto-vlijanie-06.11.jpg)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #52637](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/11/korupcija-info_1-e1793953451343-768x402.jpg)
