[Aggregator] Downloaded image for imported item #51468

Прв ден студиска посета – знаење, искуство и размена

Денес во Велес го започнавме Study Visit и регионалната размена во рамките на проектот „Лица со попреченост одгледуваат органски ароматични билки“, со учество на околу 50 учесници од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина.
Првиот дел од денот беше посветен на претставување и запознавање на учесниците, по што следуваше видео презентација која ги претстави почетоците на Здружението и неговото искуство во одгледувањето на ароматични и органски билки.
За развојот на оваа иницијатива, искуствата и досегашната работа на Здружението говореше Далиборка Златева, која ја водеше и сесијата посветена на органското земјоделство и принципите на одржливо производство на лековити и ароматични билки.
Во продолжение, експертот Лидија Карастојанова Андова ги претстави и објасни основните карактеристики на лековитите и ароматичните билки, лаванда, жалфија, босилек, невен и рузмарин, со посебен осврт на нивното одгледување, производство и принципите на органското производство.
Сесиите беа проследени со отворени и интересни дискусии, прашања, споделување искуства и примери од учесниците од трите земји.
Особено ни е драго што првиот ден го завршивме со исполнета агенда, нови знаења и уште поголема мотивација за заедничка работа.
Благодарност до Western Balkans Fund и Европската Унија за поддршката и можноста преку овој проект да ги поврземе знаењето, искуството и луѓето од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина.



The post ПРВ ДЕН STUDY VISIT – ЗНАЕЊЕ, ИСКУСТВО И РАЗМЕНА appeared first on Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености Велес

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор