[Aggregator] Downloaded image for imported item #51470

Информативна сесија посветена на предлог Законот за вработување и професионална рехабилитација на лица со попреченост

Успешно реализирана информативна сесија посветена на предлог Законот за вработување и професионална рехабилитација на лица со попреченост
На 25 септември 2026 година, во Хотел „Интернационал“ – Велес, успешно ја реализиравме Информативната сесија посветена на предлог Законот за вработување и професионална рехабилитација на лица со попреченост, во рамките на проектот „Заедно сме посилни 2“, со поддршка од Фондацијата Kvinna till Kvinna.
Во текот на сесијата, говорниците Сузана Трајковска Кочанковска од Фондација Сизигија Скопје и Сузана Попоска од ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје ги презентираа клучните аспекти на предлог законското решение, со посебен осврт на методологијата на законот, предвидените механизми, можностите за вработување и професионална рехабилитација, како и правата и поддршката за лицата со попреченост.
 Особено значење имаше присуството и активното учество на претставници од здруженија и граѓански организации од Вардарскиот плански регион, лица со попреченост и родители/старатели, претставници од институции, бизнис-секторот и други релевантни чинители.
 Сесијата беше можност за отворена дискусија, размена на искуства и информации, поставување прашања од практично значење и споделување на предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост при пристапот до пазарот на трудот.
Благодарност до сите учесници, говорници и организации кои со своето присуство и придонес ја збогатија оваа информативна сесија.





The post Информативна сесија посветена на предлог Законот за вработување и професионална рехабилитација на лица со попреченост appeared first on Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености Велес

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор