31899365 10156326788019464 7044420898643771392 n

Пролетен извиднички бивак – Шумско Домче 2018

Во период од 28 април до 1 мај Првиот скопски извиднички одред (ПСИО) организираше логорување на планината Китка. На настанот присуствуваа околу 90 извидници од цело Скопје, членови на ПСИО.

Логорувањето се одржа во Шумско домче каде извидниците имаа можност да научат како се крева шатор, како се прави бивак – импровизирано живеалиште, да палат оган на кој можат да зовријат вода која би ја искористиле за подготовка на храна, да прават патенти – односно предмети кои ќе им користат додека престојуваат во природа и се направени само од дрво и коноп и слично.

На 29 мај се одржа организирана акција за чистење отпад на околината на Мала Река, каде заедно со локалните жителите успејаа да соберат многу ѓубре кое беше пренесено на соодветен отпад. На 30 мај извидниците се поделија во две групи и заминаа на хајкови – планинарење, прошетки во шума, кои беа исполнети со поминување и градење мостови на река, искачување на стрмно брдо, уживање во глетката на блискиот водопад и многу песни и игри по пат.

Исто така извидниците на ова логорување имаа можност да учат и вежбаат практично ориентација во природа, но и да полагаат јазли – корисни чворови, извидничка култура, пионерство и стрелање со лак и стрели. Вечерите беа исполнети со забава, песна и гитара и дружба покрај логорски оган кој го користевме и за подготвување вечера, банани со крем, манчмалоу во бисквити и сл.

Овој настан имаше за цел вмрежување на сите групи извидници од одредот но и од институциите за деца со помалку можности со кои веќе цела учебна година ПСИО одржува извиднички состаноци.

ПСИО е корисник на мал акциски грант од програмата Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор