Rec

Прилагодување на едукативни активности и експерименти за искуствено учење, за ученици со попреченост

Од 10-ти до 12-ти февруари, претставници на Центарот за ресурси на животната средина (РЕЦ), заедно со едукаторите од Биотехнолошката лабораторија која е дел од Мрежата за искуствено учење, беа дел од работилницата „Прилагодување на едукативни активности и експерименти за искуствено учење, за ученици со попреченост“ која се одржа во Велес.
На работилницата учесниците имаа можност да се запознаат со упатството за прилагодување на едукативните активности и експерименти за искуствено учење за ученици со попреченост.
Дополнително, преку работните активности развија идеи за прилагодување на постоечките програми за искуствено учење за нивно полесно доближување до учениците со попреченост.
Работилницата беше реализирана како дел од проектот „Мрежа за искуствено учење – Програма за квалитет на воздух“ спроведен од Македонското Еколошко друштво, во координација со УНИЦЕФ, со обезбедена финансиска поддршка од Шведска.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ)

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор