20170529 Megjashi vesti

Презентиран Извештајот за застапеноста на детските права во Собранието на РМ во 2016

Правата на децата на соодветно образование, здравствена заштита и социјална заштита биле дел од собраниските расправи во 2016 година според „Извештајот за затапеноста на детските права во работата на Собранието на РМ во 2016 година“, кој го презентираше Првата детска амбасада во светот Меѓаши на 26.05.2017 година.

Истражувачите разгледале материјали од 2016 година и утврдиле дека за овие права се зборува на индиректен начин, како за теми кои се важни и за децата и кои можат да предизвикаат поголем интерес .

„Доколку се земе предвид политичкиот контекст во кој функционираше Собранието на Република Македонија во текот на минатата година, дури и индиректниот начин на разгледување на правата на децата е за поздравување“, велат од Меѓаши.

Препораките за понатамошна работа се однесуваат на поголема вклученост на граѓанските организации кои имаат експертиза по одредени прашања со цел да се поттикне партиципативен процес при донесување на системски одлуки поврзани со детските права, како и зголемена дискусија за секундарните и терцијалните права како право на детско учество, слобода на говор итн.

Подготовката на овој извештај е дел од проектот „Имплементација на Конвенцијта за права на детето во Македонија“, спроведуван од Коалиција на малдински организации СЕГА во партнерство со Меѓаши и Младинскиот образовен форум. Проектот е во трета фаза на спроведување, и има за цел да го подобри учеството на децата и младите во процесите на донесување одлуки во училишниот и општествениот живот во Република Македонија.

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ е корисник на институционален грант на Цивика мобилитас. За повеќе информации околу ова, погледнете го нивниот профил.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор