20170529 Helsinski vesti

„Очи за еднаквост“-приказната на параолимпискиот пливач Лордот Крис Холмс

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија ги поканува сите заинтересирани на јавниот настан „Очи за еднаквост“, каде Лордот Крис Холмс од Ричмонд, еден од најуспешните параолимписки пливачи во светот, ќе ја сподели својата инспиративна приказна. Настанот ќе се одржи на 1.6.2017 година, од 12 до 14 часот во Младинскиот културен центар во Скопје.

Пораки за инклузија, антидискриминација и правда ќе споделат и Чарлс Гарет, британски амбасадор во Македонија и Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет.

За своите искуства во спортот во Република Македонија ќе говорат и македонскиот параолимпиец Бранимир Јовановски и Вангел Тркаљанов кој се занимава со параглајдерство.

Лордот Крис Холмс од Ричмонд е добитник на 9 златни, 5 сребрени и 1 бронзен медал. На возраст од 14 години, сосема неочекувано, преку ноќ, го изгубил видот. Лордот Холмс е дел од Горниот дом на Парламентот на Британија, фокусирајќи го своето работење на вработување, образование и вештини, медиуми, спорт и дигитални можности за лицата со пореченост.

Настанот е во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамки на проектот „Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите”, поддржан од Британската амбасада во Македонија.
Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија е корисник на институционален грант на Цивика мобилитас. За повеќе информации околу тоа, погледнете го нивниот профил.

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор