Претставување на XXVI Вардарската регата “Гемиџии 2026“ на националната ТВ Канал 5

На 14.5.2026 год. (четврток) во Скопје, за потребите на програма на ТВ Канал 5, старешината и началникот на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес м-р Ангелче Гушев и Иван Гушев, имаа изјава за програмата на националната ТВ Канал 5 , а поврзана со XXVI Вардарска регата “Гемиџии“ 2026.

Во разговорот беше образложена програмата на XXVI Вардарската регата “Гемиџии“ 2026 од самиот почеток од Велес преку полигонот Криволак , па престојот во Демир капија, па префрлањето на територија на Република Грција, сместувањето во Евзони, пловењето кон Поликастро и доаѓање до Акропотамос како втор базен логор во Грција и поаѓање кон вливот на Вардар и пловењето по делтата на Вардар и излез на отворено море во Солун. Регата ќе се реализира од 18 до 23 јуни 2026 год. Во рамките на разговорот беа повикани и приватниот и државниот бизнис сектор за помош за реалзирање на регата. И за истата може да се пријават сите заинтересирани на он лајн апликацијата на Вардарска регата Гемиџии.
The post Претставување на XXVI Вардарската регата “Гемиџии 2026“ на националната ТВ Канал 5 appeared first on Scout Veles.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Извиднички одред “Димитар Влахов“ - Велес


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #47756](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/05/kanal5_prva-1024x768-1.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #50408](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/09/IMG_20260902_144610-1024x768-1-768x576.jpg)



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #50335](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/08/D093D09ED09A_2-768x512.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #50299](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/08/velesani_brcko-768x862.jpg)