Прес за медиуми – Мојот глас моја одговорност
Пресконфернција за медиуми одржана во хотел Холидеј Ин – Скопје
Активностите на платформа„Мојот глас – моја одговорност“ има цел да го зајакнат капацитетот на ромските организации за учество во креирањето на јавните политики, донесувањето на одлуките и нивно спроведување на локално и национално ниво;
– Зголемат учеството на припадниците на ромската заедница во процесите на политичка едукација, политичка партиципација и политичко претставување;
– Зајакнат капацитетот на припадниците на ромската заедница за учество во политичкиот систем преку процесите на јавност, транспарентност и отчетност;
Остварувањето на целите на платформата ќе придонесе за нагорна социјална миграција на припадниците на ромската заедница и активно учество во развојот на демократските процеси во Република Македонија што ќе резултира со значителен придонес во развојот на современото македонско општество во целина.
Организации кои се вклучени во платформата: Иницијатива за социјална промена „ИНСОК“ – Скопје, Самет Скендери, Здружение за развој на ромската заедница „СУМНАЛ“ – Скопје, Нешат Аземовски, Хуманитарно добротворно здружение на Ромите „Месечина“ – Гостивар, Мухамед Точи, НВО„КХАМ“ – Делчево, Зекир Абдлулов и Национален ромски центар – Куманово,Ашмет Елезовски.




![[Aggregator] Downloaded image for imported item #51760](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/viber_image_2026-10-01_17-18-23-732-e1791386995528_mcms-768x512.jpg)


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #51688](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/840133774_17959130763235552_502814887244435070_n-768x512.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #51690](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/835640454_10243132301386325_6319941414456541047_n-768x358.jpg)
