2 (2)

Повик за учество на обука

Обуката за управување со ризик во граѓанските организации која се спроведува по втор пат има за цел да допринесе кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за предвидување и управување со ризиците (надворешни и внатрешни). Оваа обука се фокусира на воспоставување и практикување на функционален систем на управување со ризик во организациите и тоа:

  • што се подразбира под управување со ризик и зошто е важен за граѓанските организации;
  • како може граѓанските организации да воспостават систем на управување со ризик и кои се бенефитите;
  • категории на ризик;
  • воспоставување на матрица на ризици;
  • анализа на ризици и нивно ублажување.

Поради настанатата ситуација со Ковид-19, методологијата на работа ќе биде организирана во живо на ЗООМ сесии со цел да се запази интерактивното вклучување на учесниците за успешно завршување на обуката. Учесниците за усвојување на оваа материја ќе имаат можност да вежбаат низ практични примери со задавање на задачи низ работа во групи.

За оваа обука ќе се селектираат 15 претставници од граѓанските организации во земјата. Обуката ќе се реализира на 18, 23, и 26 ноември 2020г. Точното време ќе биде дополнително соопштено со селекти раните учесници. Учесниците ќе треба да се вклучат на групни ЗООМ состаноци во живо затоа ќе  биде неопходно учесниците да имаат пристап до интернет и компјутер.

Обуката ќе ја води Вероника Водлан, консултант за проекти во ЦНВОС – национална мрежа на граѓански организации во Словенија. Таа има големо искуство во граѓанскиот сектор и повеќе од 15 години искуство во управување со  програми и градење на капацитетите на организациите во Словенија и регионот. Вероника е дел од низа меѓународни иницијативи и програми, а од 2009 до 2014 беше офицер за грантови за НВО програмата на ЕЕА и Норвешка.

Обуката ќе биде спроведена на англиски јазик.

Повеќе информации и пријава: https://www.otcetnigo.mk/povik-za-uchestvo-na-obuka-2/

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор