Sovetodavna grupa 2.png

Повик за избор на членови на Советодавна група

Вторник, 11 март 2025 11:21

Граѓанскиот ресурсен центар објавува повик за избор на членови на Советодавна група на ресурсните центри. Овој повик е дел од проектот ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2финансиран од Европската Унија и спроведуван од Фондацијата Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Асоцијација за демократски иницијативи Гостивар и Медиа плус Штип. Главните активности на проектот се насочени кон креирање поволна средина за развој на граѓанското општество во земјата и зголемување на капацитетите на граѓанските организации, за истите  да бидат компетентни, ефективни, одговорни и независни чинители во општеството.

Оваа група ќе има советодавна улога во рамките на проектот и ќе го следи функционирањето на ресурсните центри и регионалните експерти за развој на граѓанското општество на локално ниво. Групата ќе обезбедува совети и препораки за подобрување на обезбедувањето на услуги и поддршка за граѓанските организации.

Структура на Советодавната група на ресурсните центри

Советодавната група се состои од 11 членови од следниве институции:

  • Двајца претставници на владини институции;
  • Двајца претставници на донаторската заедница;
  • Претставник на локален младински совет/младински центар;
  • Претставник на Центар за развој на плански регион;
  • Претставник на локална акциона група;
  • Претставник на локален економско-социјален совет;
  • Претставник на мрежа доминантно активна на локално ниво;
  • Претставник на организација/мрежа во област на медиуми;
  • Претставник од академската фела.

Критериуми за избор на преставник од:

  1. Локален младински совет или младински центар, кандидатот треба да:
    • Биде вработен/ангажиран/член во граѓанска организација која управува со локален младински совет или младински центар;
    • Биде на возраст до 29 години;
    • Има минимум една година искуство во граѓанско општество.
  1. Центар за развој на плански регионкандидатот треба да:
    • Биде вработен/ангажиран во Центар за развој на плански регион;
    • Има познавање од функционирањето и потребите на граѓанските организации на локално, регионално или/и национално ниво;
    • Учество во работа на граѓанска организација е предност.
  1. Локална акциона група, кандидатот треба да:
    • Биде вработен/ангажиран/член на локална акциона група;
    • Има најмалку три години искуство во граѓанско општество.
  1. Локален економско-социјален совет, кандидатот треба да:
    • Биде вработен/ангажиран/член во граѓанска организација која е вклучена во функционирањето на локален економско-социјален совет;
    • Има најмалку три години искуство во граѓанско општество.
  1. Мрежа доминантно активна на локално ниво, кандидатот треба да:
    • Биде вработен/ангажиран/член во мрежа на граѓански организации (формална или неформална) која доминантно е активна на локално ниво;
    • Има најмалку три години искуство во граѓанско општество.
  1. Организација/мрежа во област на медиуми, кандидатот треба да:
    • Биде вработен/ангажиран/член во организација/мрежа на граѓански организации (формална или неформална) која доминантно работи во областа на медиуми и медиумска писменост;
    • Има познавање од функционирањето и потребите на граѓанските организации на локално, регионално или/и национално ниво.
  1. Академската фелакандидатот треба да:
    • Биде вработен/ангажиран во некоја академска институција (универзитет, институт или др. висока школа за високо образование) во Република Северна Македонија;
    • Има познавање од функционирањето и потребите на граѓанските организации на локално, регионално или/и национално ниво;

Пријави се на: ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОДАВНА ГРУПА


Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Направи добро дело за заедницата

    Во рамките на прославата по повод 22 февруари – Светскиот ден на извидниците, а во рамките на кампањата “Направи добро дело“ поттикната од страна на Сојуз на извидници на Македонија, на 21.2.2026 год. (сабота) членовите на извиднички одред “Димитар ВЛахов“ – Велес го исполнија предизвикот за оваа седмица “Направи добро…

  • INNO KIDS Педагошка рамка – Поддршка на иновативно и одржливо образование

    Педагошката рамка на INNO KIDS претставува современ образовен модел кој има за цел да го подобри квалитетот на учењето преку иновативни и интерактивни наставни пристапи. Проектот е кофинансиран од Европската унија и се фокусира на развој на вештини, критичко размислување и одржливо образование кај учениците. Главната визија на рамката е да поттикне учење кое не […]

  • Социјалната правда не се слави, таа се создава!

    Денот на социјалната правда не е датум што треба само формално да се одбележи. Тој треба да не потсети дека правдата не е апстрактен поим, туку конкретна реалност што директно влијае врз животот на луѓето: врз нивната плата, сигурност, достоинство и иднина. За нас од „Гласен текстилец“, социјалната правда не…

  • Над 200 милиони евра годишно за државна помош – потреба од поголема транспарентност и контрола

    Над 200 милиони евра годишно се издвојуваат за државна помош во Северна Македонија, но средствата се раштркани низ различни институции, што го отежнува нивното следење и управување. Според податоците на Комисијата за заштита од конкуренција, државната помош во 2023 година изнесувала 206 милиони евра (околу 1,5% од БДП), а во 2024 година достигнала 235,2 милиони […]
    The post Над 200 милиони евра годишно за државна помош – потреба од поголема транспарентност и контрола first appeared on Finance Think.
    The post Над 200 милиони евра годишно за државна помош – потреба од поголема транспарентност и контрола appeared first on Finance Think.

  • ФТ Став бр. 67 за минималната плата, продуктивноста, инфлацијата и неформалното вработување

    Finance Think го поддржува порастот на минималната плата за да го зачува животниот стандард на примателите. Клучното прашање не е дали минималната плата треба да расте, туку со кое темпо и врз кои економски основи. Непропорционално и значајно зголемување на минималната плата и сите останати плати во економијата без паралелно зголемување на новосоздадената вредност крие […]
    The post ФТ Став бр. 67 за минималната плата, продуктивноста, инфлацијата и неформалното вработување first appeared on Finance Think.
    The post ФТ Став бр. 67 за минималната плата, продуктивноста, инфлацијата и неформалното вработување appeared first on Finance Think.

  • Јакнење на управувањето со државната помош во Западниот Балкан

    Денешната панел-дискусија, „Јакнење на управувањето со државната помош во Западен Балкан: транспарентност, ефикасност и усогласување со ЕУ“, обедини разновидна група носители на политики, претставници на јавни институции од Западен Балкан, меѓународни организации, како и актери од истражувачката и граѓанската сфера. Дискусијата истакна дека државната помош често се перципира како техничко или административно прашање, додека во […]
    The post Јакнење на управувањето со државната помош во Западниот Балкан first appeared on Finance Think.
    The post Јакнење на управувањето со државната помош во Западниот Балкан appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор