[Aggregator] Downloaded image for imported item #44826

ФТ Став бр. 67 за минималната плата, продуктивноста, инфлацијата и неформалното вработување

Finance Think го поддржува порастот на минималната плата за да го зачува животниот стандард на примателите.

Клучното прашање не е дали минималната плата треба да расте, туку со кое темпо и врз кои економски основи. Непропорционално и значајно зголемување на минималната плата и сите останати плати во економијата без паралелно зголемување на новосоздадената вредност крие неколку ризици.

Првиот ризик е притисокот врз цените. Инфлацијата во месец јануари се сведе на 3.2% на годишно ниво, што е забавување од декемвриската бројка од 4.1%, но сé уште над нивото на инфлација кое се смета за стабилно, и над нивото во Еврозоната од 1.7%, што е важна референца поради фиксниот курс на денарот во однос на еврото.

Упорната инфлација во Северна Македонија е резултат на повеќе фактори, подредени според нивната важност:

  1. Зголемениот доход во економијата, како последица на високиот реален раст на платите во последните неколку години, во најголема мера резултат на хроничниот недостиг од побарувана работна сила на пазарот на труд; како и последица на големиот пораст на пензискиот доход кој во релативно краток период изнесуваше над 30% од просечната пензија (Графикон 1).

Графикон 1 – Динамика на медијалниот доход во економијата

Извор: Сопствени пресметки врз основа на Анкета за приходи и услови на живеење од Државен завод за статистика.

  • Особено во втората половина од 2025 и во овој момент, упорната инфлација во најголема мера е последица на притисокот што доаѓа од страната на потрошувачката. Платите – основниот вид доход во економијата – скоро долж целиот период растеа повеќе од растот на продуктивноста, така што во 2024 споредено со 2017, просечната плата е повисока за 79.9%, минималната плата за дури 88%, а продуктивноста за само 49.8% (сите показатели се номинален раст, Графикон 2). Ваквата дивергенција меѓу доходите и продуктивноста е макроекономски неодржлива и директно се преточува во ценовен притисок.

Графикон 2 – Продуктивноста на трудот и платите, годишен раст

Извор: ДЗС.

  1. Однесувањето на одредени учесници долж синџирот на снабдување, посебно кај потпазарите од храната, што оневозможи олабавувањето на ценовниот притисок од глобалниот пазар на храна брзо и пропорционално да се пренесе во домашната економија. Сепак, вредно е да се напомене дека профитите на компаниите растеа побавно од доходите на населението, што не дава силна поддршка дека поделбата на доходот евентуално во корист на работодавачите е извор на инфлацискиот притисок (Графикон 3). Со други зборови, инфлацијата во моментов не може едноставно и исклучиво да се објасни како „алчност на фирмите“, туку како комбинација на силна побарувачка и структурни пазарни ограничувања.
  • Исклучок од ова претставува кризната 2022 година, кога растот на профитите го надмина растот на доходите на населението, укажувајќи дека фирмите го пренесувале глобалниот притисок врз цените на крајните потрошувачи – евентуално и повеќе од пропорционално – што придонело кон акумулација на профити, и што дава поддршка на т.н. „солидарен данок“, кој беше поништен од Уставниот суд; како и целосна поддршка на спроведувањето на Законот за нефер трговски практики и следењето евентуални антиконкурентски однесувања од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Графикон 3 – Профитите на фирмите и доходот на работниците, годишен раст

Извор: ДЗС.

 

  1. Инфлациските очекувања, во одреден сегмент подигнати и од повеќекратните кратки мерки за замрзнување на цените и маржите кај производите од храна.

Според тоа, потенцијалното значајно и непропорционално зголемување на масата на плати во економијата на краток до среден рок ќе донесе само упорни цени, односно инфлациски притисок кој нема да може лесно да се заузда без особено рестриктивни монетарни и фискални мерки. За социјалниот дијалог особено е важно минималната плата да биде порамнета со создавањето нова вредност во економијата, односно со продуктивноста.

Според моментално расположливите податоци, Северна Македонија има минимална плата (сметано според нејзината куповна моќ) слична или иста со Малта, Словачка, Црна Гора и Бугарија, а повисока продуктивност (повторно, сметано според паритетот на куповна моќ, за да може овие две променливи да се меѓусебно споредливи) само од Црна Гора од овие земји. Од друга страна, Чешка, Латвија и Естонија имаат пониски минимални плати, но повисока продуктивност (Графикон 4).

Графикон 4 – Минималната плата и продуктивноста на Европскиот континент, според паритет на куповната моќ (2025)

Извор: ИЛОСТАТ и Еуростат. Ликсембург и Ирска не се прикажани поради многу висока продуктивност. Земји кои не се прикажани се земји кои немаат законски утврдена минимална плата.

Вториот ризик е нарушувањето на фискалната консолидација. По пандемијата, Северна Македонија следи ограничено темпо на фискална консолидација кое подразбира постепено намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг. Сепак, буџетскиот дефицит е сé уште проектиран над 3% од БДП, а вкупниот јавен долг се доближува и во текот на оваа 2026 година ќе ја премине психолошката граница и фискалното правило од 60% од БДП. Притоа, експертската јавност повикува фискалната консолидација да се гледа не само низ призма на буџетскиот дефицит, туку и преку неопходноста од значајно елиминирање недоволно продуктивни трошења на расходната страна од буџетот.

Една голема расходна ставка е ставката за државна помош односно субвенции. Во периодот 2019-2022, Северна Македонија воведе субвенционирани придонеси за раст на плати во распонот од 600 до 6.000 денари по работник месечно. Оваа субвенција беше втора по големина државна помош по земјоделските субвенции (односно, трета, ако се земе државната помош за Ковид-19 во 2020, видете Графикон 5). Преземањето обврски за државно субвенционирање на платите не само што оневозможува смирување на инфлацискиот притисок, туку е и директен атак врз фискалната консолидација и префрлање на трошокот од приватниот сектор кон сите даночни обврзници, и во таа смисла треба да биде целосно исклучено како можност.

Графикон 5 – Државна помош според видови во 2020 година

Третиот ризик е нарушувањето на пазарот на труд. Во услови на затегнат, но летаргичен пазар на труд (стапка на активност која не се зголемува), голем пораст на минималната плата нема да доведе до зголемување на невработеноста. Ваков евентуален исход е неверојатен, имајќи ја предвид динамиката на пазарот на трудот и поранешни емпириски докази кои потврдуваат дека врската помеѓу минималната плата и отпуштањата во Северна Македонија е најверојатно многу слаба. Но, тоа се должи на фактот што работодавачите потенцијално преземаат други механизми на прилагодување, првенствено деформализација или полуформализација на работните места.

Тоа би значело отсуство на писмен договор за вработување (целосно неформален работник) или осигурување на работникот на помалку работни часови од неговото фактичко работно време и исплата на остатокот преку т.н. плата во плико (делумно неформален работник). Оваа линија на прилагодување во услови на значаен пораст на минималната плата е многу веројатна, имајќи ја предвид тенденцијата на пораст на уделот на неформалните работници во последните неколку квартали (Граифкон 6). Овој тип на прилагодување е особено штетен затоа што ја поткопува и заштитата на работниците и приходната база на државата.

Графикон 6 – Удел на неформалните работници во вкупната вработеност

Извор: ДЗС.

Како заклучок: растот на минималната плата е оправдан од социјален аспект, но мора да биде усогласен со растот на продуктивноста и реалниот капацитет на економијата. Во спротивно, зголемувањето на платите создава упорен инфлациски притисок, го ограничува просторот за фискална консолидација и го зголемува ризикот од деформализација на работните односи. Затоа, клучниот предизвик не е дали минималната плата треба да расте, туку со кое темпо и врз кои економски основи, за да се зачува и куповната моќ на работниците и макроекономската стабилност.

Finance Think препорачува Владата активно да се вклучи во социјалниот дијалов како трета клучна страна и медијатор помеѓу работниците и работодавачите, со аргументирана и базирана-на-докази поддршка. Признавањето на фактичката состојба од сите учесници во социјалниот дијалог е основен предуслов за зачувување и на животниот стандард на работниците и на макроекономската стабилност.

The post ФТ Став бр. 67 за минималната плата, продуктивноста, инфлацијата и неформалното вработување appeared first on Finance Think.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Институт за економски истражувања и политики Finance Think

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор