286865281 400529642119227 2438123057645670155 n

Поттикнување на социјалните права: Kлуч за закрепнување на ЕУ од Ковид-19

Со цел спротивставување со социјалното влијание од пандемијата Ковид-19, беше овозможена досега невидена финансиска поддршка од ЕУ . Многу луѓе во ЕУ, особено луѓе од ранливи категории, се соочија со намален пристап до здравствена заштита, грижа за децата, образование и интернет. Ова доведе до прекумерна смртност, сиромаштија, невработеност и социјална исклученост. Извештајот за фундаменталните права на ФРА за 2022 година го прикажува широкото влијание на пандемијата врз социјалните права. Исто така, сугерира како да се решат зголемените нееднаквости и заканите за општествената кохезија.

„Одговорот на пандемијата „Ковид-19“ и војната во Украина покажуваат како се справува Европската Унија кога се соочува со кризи,“ рече Директорот на ФРА Мајкл О‘Флаерти. “Дејствијата и финансирањето на ЕУ можат и прават значителна разлика, особено кога се поврзани со релевантни законски и политички обврски за заштита на социјалните права на
луѓето. Само ефективно следење на користењето на средствата ќе ги поддржи владите да обезбедат закрепнување од пандемијата во согласност со соодветните права. Исто така, ќе
ги поддржи во прилагодувањето на финансираните мерки со цел да се решат доволно социјалните ранливости на луѓето, особено на оние кои се најпогодени – децата и младите
луѓе.“

Извештајот за фундаменталните права 2022 година на ФРА го одразува развојот и недостатоците во заштитата на човековите права во ЕУ во изминатата година. Главен фокус на извештајот е влијанието на пандемијата врз социјалните права на луѓето, како што се образованието, вработувањето и здравствената заштита. Воедно се разгледуваат искуства на деца, млади, постари лица, лица со посебни потреби и други луѓе во ранливи ситуации. Исто така, се разгледува како земјите од ЕУ планираат да ги искористат 724 милијарди евра од финансирањето на ЕУ наменети за закрепнување од пандемијата со цел почитување на социјалните права.

Одејќи напред, владите треба да ги вклучат националните тела за човекови права или еднаквост во процесот на следење на фундаменталните права со мерките за закрепнување финансирани од ЕУ. Владите особено треба да бараат:

• исполнување на социјалните права на луѓето кои се најпогодени од пандемијата;
• проценка и приспособување на мерките финансирани од ЕУ, доколку е потребно, за да се осигура дека истите ги почитуваат и поттикнуваат социјалните права;
• осигурување дека користењето на финансиските средства за закрепнување на ЕУ е компатибилно со Повелбата за фундаментални права на ЕУ, како и со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на ОН (КПЛП).

Други клучни прашања за фундаменталните права во 2021 година вклучуваат:

• Детски права – пандемијата продолжи да влијае на благосостојбата и образованието на децата. Многу деца страдаа, особено оние од обесправени средини, ставајќи ги во зголемен ризик од сиромаштија и отфрленост. Првата Стратегија на ЕУ за правата на децата заедно со Европската гаранција за децата беа значајни пресвртници во обид да се поттикнат напорите за промовирање и заштита на правата на сите деца. Земјите на ЕУ треба да се осигураат дека нивните национални акциски планови ги исполнуваат целите на стратегијата и гаранцијата.

• Миграција – продолжија предизвиците по фундаменталните права на границите. Мигрантите се соочуваа со насилство или беа одбиени на копнените граници на ЕУ, додека над 2 000 мигранти загинаа на море. Земјите на ЕУ треба да спроведат ефикасен и независен мониторинг на границите за да се спротивстават на кршењето на правата.

• Расизам – пандемијата дополнително ја поттикна дискриминацијата, криминалот од омраза, а особено говорот на омраза на интернет кон мигрантите и етничките малцинства.
Надоврзувајќи се на Акцискиот план на ЕУ против расизмот во 2020 година, повеќето земји на ЕУ усвоија или развиваат национални акциски планови за справување со расизмот и етничката дискриминација. Со цел ги засилат своите напори, земјите на ЕУ треба да го казнуваат криминалот од омраза, да го охрабруваат пријавувањето и да обезбедат подобра поддршка на жртвите. Ова, исто така, вклучува реализација на акциски планови и стратегии преку информиран мониторинг.

Извештајот ги сумира и анализира главните случувања на полето на човековите права во ЕУ во 2021 година. Истиот содржи предлози за акција, опфаќајќи ја Повелбата за основните
права на ЕУ и нејзината употреба од страна на земјите членки; еднаквост и недискриминација; расизам и поврзана нетолеранција; инклузија и еднаквост на Ромите; азил, граници и миграција; информатичко општество, приватност и заштита на податоците; детски права; пристап до правда; и спроведување на КПЛП.

Институтот за европска политика заедно со нашите надворешни соработнички и оваа година го изработи извештајот за Северна Македонија.

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор