Поткаст: Состојбата со родово базираното насилство во Северна Македонија
Ирена Цветковиќ од Коалиција МАРГИНИ, зборува за состојбата со родово базираното насилство во Македонија и што може да се направи за подобрување на положбата на жените. Исто така, ги коментира измените на Кривичниот законик и влијанието што ќе го имаат врз степенот на зачестеност на родово базираното насилство, како и начините на кои државата се справува со семејното насилство и нападите на жените.
Во поткастот разговараме и за како можеме да влијаеме на мислењето на јавноста за жртвите на насилство и како медиумите можат да помогнат во подобрувањето на перцепцијата.
Слушнете го новиот ЕПИ поткаст!
Овој поткаст е снимен во рамките на проектот „Градиме мостови за заедничка иднина: Владеењето на правото во насока на пристапувањето во ЕУ“ имплементиран од Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, а финансиран од Европската Унија. Содржините на овој поткаст не ги одразуваат официјалните мислења и позиции на Европската Унија. Одговорноста за информациите и ставовите изразени во овој поткаст е целосно на Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје.




![[Aggregator] Downloaded image for imported item #41227](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/11/mk1.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #41232](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/11/0-02-05-6a49106fa1b0e26564e238f00517702071294e723f8493ed455f8dcb698d1f65_774730386973985d-768x1024-1.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #41281](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/10/img_0087-768x1024.jpg)

