20180220 IDSCS vest

Постои опасност од реформи без суштински промени во судството

Отсуствува јасна визија за тоа што и како треба да се реформира во судството. Политичката и институционална криза изминативе неколку години ги манифестираа сите слабости и недостатоци на уставниот и политичкиот систем поврзани со политичко и партиско влијание, корупција, судски клиентелизам и сл. Сепак и покрај сериозната состојба, анализата на Стратегијата за реформа во правосудниот сектор за периодот 2017-2022 година покажува дека таа нема значително да ги подобри состојбите во овој сектор.

Ова се дел од заклучоците од денешната презентација на двете анализи на авторот Денис Прешова, соработник на Институтот за демократија „Социетас цивилис“, кои ги анализираат тековните реформи во правосудниот сектор и нивната усогласеност со приоритетите на ЕУ.

Стручен коментар на трудовите даде г-а Мирјана Лазаровска-Трајковска, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Анализата „Реформа на судството во Република Македонија: Промени без реформи?“ ги посочува слабостите на Стратегијата и опстојувањето на досегашниот модел за заштита на независноста на судството. Врз основа на оваа анализа јасно се утврдува дека потребата од потемелен пристап во реформата на судството е повеќе од неопходна со цел остварување на одржливи реформи на подолг период, а не сведување на истите на промени без реформи.

Во анализата „Уставниот суд изгубен во судските реформи“, Прешова го обработува уставното судство во Република Македонија.  Во неа се наведува дека постојат повеќе од очигледни причини за воведување на крупни и суштински реформи на Уставниот суд. Тие треба да се остварат преку унапредување и зајакнување на поврзаноста на Уставниот суд со редовното судството преку конкретна контрола на уставноста и преку уставната жалба односно барањето за заштита на слободите и правата.

Двете публикации се дел од проектот „Perform on reform – Следење на реформскиот процес“ кој го спроведуваат Институт за демократија „Социетас цивилис“ и Фондација Конрад Аденауер.

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ е корисник на институционален грант од Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор