Вкупен буџет: 3.900.000
Времетраење: 01.4.2016 – 31.3.2018

ИДСЦС е граѓанска организација основана во 1999 година под името „Институт за демократија, солидарност и цивилно општество“, а пререгистрирана под сегашното име во 2005 година. Визијата на ИДСЦС е Македонија како развиена демократија на слободни и активни граѓани. Мисијата на ИДСЦС е поддршка на развојот на демократските процеси преку промоција на креирање на јавни политики базирани на истражување, анализи, податоци и консултација со засегнатите страни како и зајакнување на партиципативната политичка култура. ИДСЦС го истражува развојот на доброто управување, владеењето на правото и европските интеграции на Македонија.

Конституенти

  1. Членови – остваруваат учество во донесувањето на одлуките, планирањето и спроведувањето на активностите.
  2. Волонтери – Практикантската програма наменета за истакнати студенти од општествените науки насочена кон развој на нивните знаења и вештини.
  3. Поддржувачи – меѓународните владини и невладини организации; новинарите и медиумите; универзитетски професори и студентите; политичките партии.
  4. Корисници – донесувачите на одлуки и креатори на политики (јавно избрани функционери и јавни службеници); граѓанските организации (со фокус на застапување и истражување); новинарите и медиумските организации; академската заедница; студенти од општествените и хуманистичките науки; членовите на политичките партии и подмладоци; општа јавност

Претходно искуство/проекти

  • Зголемување на квалитетот на аргументација и политичката дебата при развој на јавни политики во Република Македонија;
  • Промовирање на буџетска транспарентност и отчетно трошење на јавните финансии преку зајакнување на капацитетот на буџетските корисници да имплементираат буџетирање по перформанси за отчетно и транспарентно користење на јавните финансии, како и преку зголемување на јавната свест за потребите од отчетно и транспарентно користење на јавните финансии;
  • Зајакнување на улогата на граѓанското општество во доброто владеење и процесот на интеграција во ЕУ и зајакнување на улогата на граѓанското општество како активен играч во реформирањето на јавната администрација преку градење на капацитети, вмрежување, мониторинг и застапување;
  • Зајакнување на капацитетите на граѓанското општество за подигање на интегритетот и отчетноста на државните институции.

Веб страница