Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](8)

Центар за правни истражувања и анализи (ЦПИА)

Вкупен буџет: 2.999.953 денари

Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци)

Специфична тема: Родова еднаквост

Партнери: Македонско здружение на млади правници (МЗМП)

Конституенти: 

Судии, јавни обвинители и правници од стручните служби; млади лица и студенти по право; млади активисти и идни правници; граѓански организации; институции од правосудниот систем; локални и национални креатори на јавни политики.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Менторство во правосудството и младински ангажман за родова еднаквост

ОПИС НА АКЦИЈАТА

Системскиот проблем што го таргетира проектот е двоен и меѓусебно поврзан: (1) недоволна родова сензитивност во одлучувањето и постапувањето на правосудните институции, што резултира со нееднаков пристап до правда; и (2) ограничено и ad hoc учество на младите во процесите на креирање јавни политики, што го слабее граѓанскиот дијалог и јавниот притисок за родово еднакви реформи. Предложената интервенција воспоставува двоен пристап на промена: во правосудството, преку родово сензитивна менторска програма, и во младинската сфера, преку младинска школа, локални форуми, студентски работилници и Хаб за поддршка на иницијативи.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Да се поттикне системско вклучување на младите и правосудните професионалци во креирање и спроведување јавни политики засновани на родова еднаквост преку развој на капацитети, меѓусекторска соработка и менторство.

Специфична цел:

  1. Воспоставување родово сензитивна менторска програма во правосудството
  2. Зајакнати знаења и вклученост на млади и идни правници за застапување и учество во јавни политики за родова еднаквост.

РЕЗУЛТАТИ

  • Изготвен извештај за проценка на потребите за воспоставување родово сензитивна менторска програма, базиран на најмалку 10 интервјуа и 4 фокус-групи, со мапирани теми и потенцијални ментори.
  • Развиена родово сензитивна менторска програма со структуриран курикулум, тематски сесии, методолошки упатства и сценарија за симулации усогласени со CEDAW/GREVIO/ЕСПЧ стандарди.
  • Спроведена менторска програма со обучени 5 ментори (3 судии/ЈО и 2 родови експерти) и изменторирани најмалку 40 правосудни професионалци преку 3–5 тематски сесии; формирана онлајн мрежа и издадени сертификати.
  • Организирана младинска школа за родова еднаквост и активно граѓанство, на која 8 млади (по 1 од регион) стекнале знаења и вештини за застапување и учество во јавниот живот.
  • Реализирани 16 младински форуми во сите плански региони, со најмалку 160 учесници кои дискутирале и развиле идеи за родова еднаквост и младински ангажман.
  • Спроведени четири интерактивни работилници со студенти по право од државните факултети, со вкупно 60 учесници кои стекнале практични вештини за граѓански ангажман и човекови права.
  • Воспоставен функционален Хаб за младински ангажман што нуди менторска и техничка поддршка; поддржани најмалку 2 иницијативи за родова еднаквост и јавни политики.

АКТИВНОСТИ

  • Проценка на потребите и развој на родово сензитивна менторска програма
  • Креирање на родово сензитивна менторска програма во правосудството
  • Имплементација на менторска програма за судии и јавни обвинители
  • Младинска школа за родова еднаквост и активно учество
  • Младински форуми за родова еднаквост и активно граѓанство
  • Работилници со студенти по право за граѓански ангажман
  • Хаб за младински ангажман

ВЕБ СТРАНИЦА

https://cpia.mk/mk/ – Центар за правни истражувања и анализи (ЦПИА)

https://myla.org.mk – Македонско здружение на млади правници (МЗМП)

Продолжи со читање

  • Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ)

    Вкупен буџет: 3.240.057 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.10.2026 (10 месеци) Специфична тема: Борба против корупција и истражувачко новинарство Партнери: Македонски институт за медиуми (МИМ) Конституенти:  Новинари и уредници од локални, приватни и национални медиуми Новинари и уредници од Македонската радио телевизија (МРТ) Медиумски професионалци и медиумски организации Граѓани како корисници…

  • Зелен институт – Скопје

    Вкупен буџет: 2.999.983 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Здружение на сопственици на приватни шуми – Берово Конституенти:  Граѓани; земјоделци; сопственици на приватни шуми; локални заедници; граѓански организации; локални власти и јавни институции; образовни институции; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Нула биоотпад: Системски…

  • РЕСИС – Скопје

    Вкупен буџет: 3.000.000 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: ОВОЗМОЖУВАЧКА ОКОЛИНА ЗА РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО Партнери: Совет за етика во медиумите во Македонија – СЕММ Конституенти:  Граѓански организации и неформални групи кои работат на теми поврзани со општествен развој и јавни политики, активни граѓани, млади и…

  • Отворете ги прозорците

    Вкупен буџет: 2.998.600 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Социјална кохезија Партнери: ЗЕТА – организација за попреченост и правда Конституенти:  Млади лица; лица со попреченост; граѓани со ограничен пристап до дигитални услуги; граѓански организации; локални и централни институции; јавни службеници; образовни институции; медиуми. За проектот поддржан од…

  • Здружение на еколози „Натура“ – Струга

    Вкупен буџет: 2.848.300 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Извиднички одред „Мирко Милески“ – Кичево Конституенти:  Граѓани од Југозападниот регион (Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Кичево); млади лица; жени; ученици и наставници; граѓански организации; локални власти и општински администрации; образовни институции; медиуми; локални заедници;…

  • Младински сојуз – Крушево

    Вкупен буџет: 2.999.227 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Унапредување на дигиталната трансформација Партнери: Конституенти:  Млади лица од Крушево и целните општини; граѓани од локалните заедници; граѓански организации; локални власти и општински совети; јавни институции; образовни установи; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Мојот глас во мојот…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор