Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](9)

Здружение Конект

Вкупен буџет: 3.000.000 денари

Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци)

Специфична тема: ОВОЗМОЖУВАЧКА ОКОЛИНА ЗА РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

Партнери:

Фондација АПОЛОНИЈА Гевгелија

Конституенти: 

Граѓански организации од различни сектори и региони; мрежи и платформи на граѓански организации; донатори и филантропски фондации; бизнис-сектор и компании донатори; финансиски институции; државни институции и регулаторни тела релевантни за финансиска регулатива и даночни политики; медиуми; експерти и практичари во областа на финансиска одржливост на ГО.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Промени за одржливост

ОПИС НА АКЦИЈАТА

Финансиската одржливост е најголем системски предизвик на ГО во Северна Македонија. Големата зависност од странски донатори и релативно неразвиената структура на домашно финансирање доведе до ранливост на секторот, што особено дојде до израз во 2025 година со повлекувањето на УСАИД и други донатори. Неопходно е застапување и техничка поддршка на Министерството за правда со цел измена на Законот за донации и спонзорства, со што ќе се намали административниот товар на донаторите и ќе се поттикне поголемо домашно донирање. Во контекст на намалена странска поддршка, ГО треба да работат на диверзификација на изворите на финансирање и активирање на локалниот филантропски потенцијал.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Подобрување на политиките за финансиска одржливост на граѓанските организации

Специфична цел:

  • Подобрување на системот за користење даночни поттикнувања за донации кон ГО
  • Намалување на бариерите за финансиски услуги за ГО што п…регулативите за спречување перење пари и финансирање тероризам
  • Зајакнување на улогата на Мрежата за финансиска одржливост на ГО

 РЕЗУЛТАТИ

  1. Предлозите на ГО се вградени во измените на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности и сродна регулатива
  2. Подобрен пристап кон финансиски услуги на ГО преку функционален меѓу-секторски механизам (ГО, институциите и банките)
  3. ГО здружено застапуваат за финансиската одржливост на ГО

 АКТИВНОСТИ

  1. Средби за застапување со Министерството за правда, Министерството за финансии и Управата за јавни приходи
  2. Техничка поддршка на Министерството за правда во продолжување на процесот на измени на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности
  3. Средби за застапување и процеси на консултации со институции, комори и корисници на Законот
  4. Подготовка на збирка на студии на случаи како алатка за застапување
  5. Организирање јавна расправа за Законот за донации и спонзорства во јавните дејности и регулатива поврзана со финансиска одржливост на граѓанските организации
  6. Формулирање на нацрт-текст на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности преку консултативен процес
  7. Организирање на работата на група за меѓусекторски дијалог
  8. Директни средби за застапување со Управата за финансиско разузнавање и Централниот регистар за прашања поврзани со вистински сопственик
  9. Спроведување обука за новата FATF препорака 8
  10. Спроведување обука за банките за работа со граѓански организации
  11. Спроведување обука за граѓанските организации за заштита на организациите
  12. Организирање форум за меѓусекторски дијалог
  13. Подготовка на материјал за застапување „Промени за одржливост“
  14. Градење членство и двонасочна комуникација во Мрежата за финансиска одржливост на граѓанските организации
  15. Рефлектирање на ставови на граѓанските организации и одржување средби со граѓански организации и институции
  16. Организирање настан на Мрежата за финансиска одржливост на граѓанските организации
  17. Креирање аргументи и здружено застапување
  18. Застапување преку медиуми и јавност

ВЕБ СТРАНИЦА

https://konekt.org.mk/ – Здружение Конект

https://www.apolloniafoundation.mk – Фондација АПОЛОНИЈА Гевгелија

Продолжи со читање

  • Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ)

    Вкупен буџет: 3.240.057 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.10.2026 (10 месеци) Специфична тема: Борба против корупција и истражувачко новинарство Партнери: Македонски институт за медиуми (МИМ) Конституенти:  Новинари и уредници од локални, приватни и национални медиуми Новинари и уредници од Македонската радио телевизија (МРТ) Медиумски професионалци и медиумски организации Граѓани како корисници…

  • Зелен институт – Скопје

    Вкупен буџет: 2.999.983 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Здружение на сопственици на приватни шуми – Берово Конституенти:  Граѓани; земјоделци; сопственици на приватни шуми; локални заедници; граѓански организации; локални власти и јавни институции; образовни институции; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Нула биоотпад: Системски…

  • РЕСИС – Скопје

    Вкупен буџет: 3.000.000 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: ОВОЗМОЖУВАЧКА ОКОЛИНА ЗА РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО Партнери: Совет за етика во медиумите во Македонија – СЕММ Конституенти:  Граѓански организации и неформални групи кои работат на теми поврзани со општествен развој и јавни политики, активни граѓани, млади и…

  • Отворете ги прозорците

    Вкупен буџет: 2.998.600 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Социјална кохезија Партнери: ЗЕТА – организација за попреченост и правда Конституенти:  Млади лица; лица со попреченост; граѓани со ограничен пристап до дигитални услуги; граѓански организации; локални и централни институции; јавни службеници; образовни институции; медиуми. За проектот поддржан од…

  • Здружение на еколози „Натура“ – Струга

    Вкупен буџет: 2.848.300 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Извиднички одред „Мирко Милески“ – Кичево Конституенти:  Граѓани од Југозападниот регион (Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Кичево); млади лица; жени; ученици и наставници; граѓански организации; локални власти и општински администрации; образовни институции; медиуми; локални заедници;…

  • Младински сојуз – Крушево

    Вкупен буџет: 2.999.227 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Унапредување на дигиталната трансформација Партнери: Конституенти:  Млади лица од Крушево и целните општини; граѓани од локалните заедници; граѓански организации; локални власти и општински совети; јавни институции; образовни установи; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Мојот глас во мојот…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор