Женска граѓанска иницијатива АНТИКО, Скопје
Вкупен буџет: 13.999.983 денари
Период на реализација: 01.12.2023 – 30.09.2026 (34 месеци)
Специфична тема: Родова еднаквост/Социјална инклузија
Партнери:
- Здружение за мултикултурна афирмација и едукација на жените и младите во руралните средини СЕКОГАШ СОЖИВОТ с.Канатларци, Прилеп
- Здружение за образование и култура АДРИОН с. Требош, Желино, Shoqata ADRION f.Trebosh, Zheline
Конституенти: Граѓани од целните региони и општини, особено од помали урбани и рурални средини; млади лица, жени и мажи;граѓанските организации; централните и локалните власти и јавните институции; бизниси и индустрии; етнички и културни групи; групи на корисници на јавни услуги; академски групи и студенти; родители и семејни групи; повозрасни лица; медиуми.
За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Гласот и учеството на жените и младите во: креирање на јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество
ОПИС НА АКЦИЈАТА
Граѓаните не се секогаш информирани за политиките и одлуките кои влијаат на нивните животи. Причините за тоа се апатијата и незаинтересираноста како и недостатокот на транспарентност и лесно достапни информации. Иако постојат добри примери и практики, генерално властите се уште не се доволно отворени при процесите на креирање политики. Во многу подрачја не постојат систематски конзистентни, законски пропишани и планирани пристапи на консултација и соработка кои создаваат поволно опкружување за развојот и одржливоста на граѓанскиот сектор. Исклученоста на маргинализираните групи е повисока. Двете најмалку вклучени групи се младите лица и жените, а локалните политики и буџети се родово несензитивни. Проблемот е поприсутен во помалите урбани и руралните средини каде дејствува помал број на активни ГО. Овој проект ќе одговори на овие предизвици преку планираните активности.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Подобрени и проширени простори и можности за граѓански ангажман преку зајакнати и подобро и помасовно организирани локални (grassroot) ГО кои ги поттикнуваат, мотивираат и се лесно достапни за граѓаните, за да се овозможи делување од долу нагоре во однос на политичките агенди кои овозможуваат инклузивност и поодржливо граѓанско општество кое работи на опипливи програми, врз основа на демократските вредности и човековите права и владеење на правото.
Специфична цел:
- Градење на организациски капацитети и зголемување на способности и вештини на локалните ГО (grasroot) – поддршка на граѓанското учество во креирање политики и донесување на одлуки.
- Зголемување на граѓанскиот ангажман и влијание врз креирање на јавните политики и учество во донесување на одлуки- зголемена доверба во граѓанското општество.
- Зголемување на гласот и капацитетот на младите и жените за активно учество во изградбата на заедницата преку остварување на влијанија во креирање на јавни политики и донесување одлуки.
- Подобрени можности за жени од помали урбани и рурални средини за активно учество на пазарот на труд и самовработување
РЕЗУЛТАТИ
- Подобрени внатрешни организациски капацитети – знаења и вештини за: управување со граѓански иницијативи
- Зголемен бројот активисти и волонтери
- Зголемена партиципативност, масивноста, влијанието, вклученоста и соработката на ГО централните и локалните власти креирање на (родово одговорни) политики закони, стратегии програми и буџети)
- Создаден поголем простор за граѓанско учество и поповолно опкружување преку државно финасисрање и политички мерки за стимулирање на бизнис секторот за финансирање на ГО.
- Зајакнатите капацитети на граѓанските организации поттикнуваат систематска поддршка на граѓанскиот ангажман
- Зголемено е граѓанското учество и влијание преку воспоставена соработка со властите
- Средината за развој на граѓанско општество е подобрена преку создадени механизми за поголема соработка
- Изградени капацитети на млади лидери/ки на заедницата, преку развиените приспособени модули за едукација. – Одржаните обуки ги зголемија теоретските знаења и практични лидерските вештини за граѓански ангажман на младите лидери/ки
- Младите лидери/ки ја зголемија гласноста за позитивни промени преку- социјални ( родово сензитивни) јавни акции во заедницата и комуникацијата со локалните власти, ГО и младинските совети и центри
- Зголемен е пристапот на жените до едукација и образование – (професионални повеќемесечни курсеви/обуки) за развиени вештини и компетенции кои овозможуваат да бидат поконкурентни на пазарот на труд.
АКТИВНОСТИ
- Обуки за градење на капацитети на ГО, три (3) дводневни обуки.
- Работилници за јавно застапување и лобирање
- Промотивни кампањи за подигнување на јавната свест
- Одржување на интегрирани сесии на тема: Внесување на родовата перспектива во креирање на јавните политики/проекти и буџети
- Организирање на медиумска кампања „Активизам против насилството врз жените и семејното насилство“
- Организирање на јавни настани, дебати, тркалезни маси во заедниците за локални проблеми и предизвици.
- Организирање на обуки за јакнење на капацитети за граѓанско учество
- Форуми во заедниците (10)
- Настани за воспоставување на дијалог со властите
- Активности за градење на мрежи и партнерства (5)
- Следење на механизмите за граѓанско учество со менторска поддршка
- Одржување на обуки/работилници за стекнување на лидерски вештини
- Спроведување на социјални јавни акции во заедницата
- Следење на младинските политики/ и механизми преку менторска /експертска поддршка
- Одржување на курсеви за жени за зголемување на нивните потенцијали за активно учество во пазар на труд“.
- Организирање на информативни и едукативни сесии (5).
- Воспоставување на дијалог помеѓу жените и властите за создавање овозможувачка околина за развој на женското претприемништво
- Организирање активности за лобирање и јавно застапување за внесување на родовиот аспект во политиките и програмите на јавните комунални услуги
- Следење на родовите( економски) политики со менторска/консултантска поддршка