20180221 helsinki comittee

Секое дете заслужува правда!

Во видеото е прикажан случај на нехуман третман кон дете од ромската етничка заедница од страна на медицински лица во јавна здравствена установа.

Поради скршеница на раката, малолетното дете заедно со неговата мајка побарале лекарска помош, но, наместо помош од медицинските лица добило „шлаканици”! Наводно, детето не ги слушало медицинските лица додека се обидувале да му ја наместат скршената рака без анестезија.

*Видеото е изработено од страна на Хелсиншкиот комитет за човкови права со поддршка на институционален грант во рамките на програмата на Цивика Мобилитас.

Содржината на ова видео е единствена одговорност на Хелсиншкиот комитет за човекови права и во ниту еден случај не ги изразува ставовите на Цивика Мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка или имплементирачките партнери.

Продолжи со читање

  • Повеќе од 80 граѓански организации им ја претставија работата на граѓаните на Фестивалот на Цивика мобилитас

    Шестиот по ред Фестивал на Цивика мобилитас „Ден на граѓанските организации“ се одржа на 3 октомври 2026 година, од 11 до 15 часот, во Градскиот парк во Скопје, кај фонтаната „Лотос“. Над 80 граѓански организации од целата земја пристигнаа за да им ги покажат своите активности и резултати на граѓаните….

  • Технологијата треба да биде право, а не привилегија

    Пред неколку години, еден ученик од Центарот за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ учеше и се дружеше со истата леснотија како и неговите соученици од училиште. Потоа, поради генетска предизвикана состојба, полека почна да го губи видот. Талентот остана ист, желбата за учење исто така, но пристапот до знаењето стана…

  • Од идеја до мрежа од 134 организации: кога солидарноста станува сила за промени

    Пред осум години, Здружението Конект препозна нешто што можеби малкумина сакаа гласно да го кажат, а тоа е дека финансиската одржливост не е предизвик на една организација, туку заедничко прашање на целиот граѓански сектор. Од таа идеја произлезе иницијативата да се обединат дваесетина граѓански организации околу заедничко застапување за измена…

  • Младите го тестираат протоколот за управување со кризи произлезен од трагедијата во Кочани

    На 16 март 2025 година, во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, пожар предизвикан од пиротехнички средства за неколку минути ја зафати целата просторија и одзеде шеесет и три животи, оставајќи повеќе од сто повредени. Ова е најболната и најтешка трагедија што и се случила на Македонија. Токму таа трагедија во…

  • „Секој новинар е и активист и секој активист е и новинар”

    Сара Танаскоска е млада новинарка од Струга. До неодамна, работела во медиум каде локалните теми ретко наоѓале место. Не поради незаинтересираност, туку поради тоа што системот едноставно не нудел простор за тоа. „Сакам повеќе да придонесам за својата локална заедница. Досега немав можност во некој медиум темелно да ги обработувам…

  • „Не ни треба уште една апликација, туку некој конечно да нè слушне“

    Младите од Крушево, Куманово и Тетово меѓу бавните процедури и новиот обид за дигитален дијалог со општините Во многу општини низ Северна Македонија, патот од идеја до реална промена кај младите често завршува уште пред да почне. Обид да се пријави проблем, неколку обиди да се најде вистинската институција, и…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор