DSC

Дали знаеме какви општествени промени предизвикуваме?

„Вие доаѓате од различни организации и допирате до комплетно различни целни групи. На различен начин зборувате за вашата организација со пријател, со донатор или со претставник на владина институција.“ Со ова, Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на Цивика мобилитас, ја започна денешната  работилница (21.2.2018) „Мерење и комуницирање на општествената промена која ја предизвикувате“. 

На работилницата учествуваа 16 претставици на институционални и акциски грантисти на Цивика мобилитас. Институционалните корисници на грантови најчесто се соочуваат со пречки за ефективно да ги претстават своите постигнувања, бидејќи ваквите грантови се однесуваат на внатрешното јакнење на нивните организации. Покрај Форестер, Душко Тодороски, од Асоцијацијата Зенит, и Гонце Јаковлеска, од Македонскиот центар за меѓународна соработка,  ги фацилитираа денешните сесии.

Во текот на работилницата беа претставени „Синџирот на резултати“, мерните показатели, а се дискутираше и за важноста од ефективната комуникација за граѓанските организации. Исто така, се споделија позитивни примери на граѓански организации од Македонија и од странство, кои знаат на импресивен начин да ги споделат податоците од своите проекти и кампањи.

Практичниот дел се состоеше од индивидуални и групни вежби во кои учесниците можеа наученото да го применат на примерот на организацијата од која доаѓаат. Тие се согласија дека понекогаш премногу се посветуваат на работата од својот проект, а не обрнуваат доволно внимание на презентирање на направеното во јавноста. Според нив, ова е резултат на недостиг на човечки ресурси кои би се бавеле со комуникација.

Продолжи со читање

  • Практична поддршка за полесно финансиско известување

    На 30 април 2026 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во Скопје, тимот на Цивика мобилитас одржа работилница за финансиско известување. Работилницата беше наменета за добитниците на партнерските грантови од повикот ЦМ-ПГ-2. Вкупно 19 учесници од сите 11 грантисти, вклучително координатори на проекти и лица задолжени за финансии,…

  • Придонесот на граѓанските организации во медиумската слобода

    „Обликување иднина во мир“ е глобалната порака под која оваа година се одбележува 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, посветен на улогата на новинарството во заштитата на човековите права, демократските процеси и јавниот интерес. Денот се одбележува од 1993 година, по одлука на Обединетите нации и препорака…

  • Седма едукативна работилница во Куманово за унапредување на здравјето на мајките и децата со фокус на мајчиното ментално здравје

    На 23.04.2026 година во Куманово се одржа седмата по ред едукативна работилница посветена на здравјето на мајките и децата, со посебен фокус на мајчиното ментално здравје. На работилницата учествуваа 18 жени, бремени или во период до 12 месеци по породувањето. Работилницата им овозможи на учесничките да добијат важни информации за…

  • Наша моќ, наша планета: Граѓанскиот сектор предводник на промените

    Секоја година, 22 април нè потсетува дека планетата не се заштитува само со големи ветувања, туку со секојдневни работа, одлуки, практични решенија и заедници кои знаат дека имаат моќ да направат промена. Овогодинешното мото на Денот на планетата Земја, „Нашата моќ, нашата планета“, особено силно се поврзува со работата на…

  • Меѓународниот ден на Ромите низ призмата на граѓанското општество

    Меѓународниот ден на Ромите е уште една можност за проверка на напредокот на општеството за предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани, но исто така и е и можност да го препознаеме придонесот на сите оние што секојдневно работат на нивно надминување. Во тој процес, граѓанските организации имаат клучна улога….

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор