цеа

Популизмот и клиентелизмот во јавните расходи на локално ниво: Индекс на рано предупредување за популизам и клиентелизам

Северна Македонија веќе подолг период се наоѓа во една социо-економски криза, која тешко би можело да се надмине доколку не и се пристапи системски и рационално.  Со ставот кој го изнесе ЦЕА на крајот од минатата година (2020) во своето издание Популизмот и клиентелизмот во политичката економија на Северна Македонија, поттикна размислување и актуелизирање на темата популизам и клиентелизам, но понуди и платформа во неколку точки на крајот на документот за кои е потребно да се изјаснат политичките партии.

На локално ниво важно е да се земе во предвид дека ситуацијата е не помалку аларманта. Иако постои добра законска регулатива во законот за буџетите и законот за финансирање на ЕЛС сепак, тие не се почитуваат до крај, а и централната власт дополнително го поттикнува популизмот и клиентелизмот на локалната власт како и неетичкото однесување на избраните и именуваните функционери на локално ниво во ЕЛС и во комуналните претпријатија формирани од ЕЛС преку откуп на долговите на ЕЛС и комуналните претпријатија формирани од ЕЛС и преку непочитување на фискалните правила кои самата централната власт ги има донесено.

ЦЕА укажа дека откупот на долгови на ЕЛС е инструмент кој води кон синдикализирање на трошоците од неодговорно работење на избрани и именувани функционери и кој води кон натамошно еродирање на правната држава. Во таа насока, укажуваме и на неодговорноста на Министерството за финансии, со непочитување на фискалното правило за буџетите на ЕЛС, кое тоа го воведе, сопствените приходи на основниот буџет на ЕЛС да се планираат со пораст од најмногу 10% од просечно остварените приходи во последните три години. Имено, самата Влада во 2019 година го зголеми процентот на 30%, во 2021 на 50%, а ЕЛС и денес продолжуваат со непроменети практики кои водат до повторно кумулирање на вакви обврски.

Сакајќи да укажеме на сериозноста на ситуацијата со јавните финансии на локално ниво, кое ниво на владеење е најблизу до граѓаните, според утврдена методологија измеривме ИНДЕКС  за рано предупредување за клиентелизмот и популизмот на ниво на ЕЛС.

Целосните резултати можете да ги поглентете тука:

ИНДЕКС за рано предупредување за клиентелизам и популизам на ниво на ЕЛС

The post Популизмот и клиентелизмот во јавните расходи на локално ниво: Индекс на рано предупредување за популизам и клиентелизам appeared first on CEA – Center for Economic Analyses.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор