ЦИВИЛ отвори повик за аплицирање за изборни набљудувачи за локалните избори 2021. Организацијата ги повика своите членови, поддржувачи и учесниците на семинарите за граѓанско новинарство, набљудувачите на претходните изборни процеси, како и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за краткорочни изборни набљудувачи. Повикот во оваа фаза е отворен до 30 јуни на полноќ.

ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА

Мониторингот на ЦИВИЛ подразбира мобилност, посветеност и непристрасност. Краткорочните набљудувачи се активни во текот на изборниот молк, на денот на гласањето и еден ден по гласањето.

Четворица од пријавените кандидат-ки ќе бидат селектирани како долгорочни набљудувачи, кои ќе му се приклучат на постојаниот тим за мониторинг на ЦИВИЛ.

Членови на тимови на меѓународни или домашни набљудувачки мисии, партиски функционери и активисти вклучени во изборната кампања, како и кандидати на изборите, немаат право на учество на овој повик.

ЦИВИЛ