Policy brief

Промовиран е брифинг за политики за ефикасно и одговорно управување со водите

Здружението на граѓани ФЛОРОЗОН – Центар за еколошка демократија објави нов бриф за политиките подготвен во рамките на проектот „Граѓански мониторинг за одговорно управување со водите“.
Документот е развиен со цел да придонесе кон подобрување на системот за мониторинг, превенција и институционален одговор во случаи на загадување и ризици што влијаат врз водните ресурси. Ги анализира клучните предизвици поврзани со мониторингот на водите, координацијата меѓу надлежните институции, навременото дејствување на терен, како и потребата од појасни процедури и одговорности.
Документот е базиран на истражувања засновани на докази и теренски набљудувања од неколку различни локации во сливот на реката Вардар и нуди конкретни препораки насочени кон:

  • воспоставување појасни критериуми за идентификување на критичните точки на следење; 
  • подобрување на протоколите за одговор во случаи на еколошки инциденти; 
  • зајакнување на меѓуинституционалната координација; 
  • поместување на фокусот од повремени интервенции кон систематска превенција и санација на изворите на загадување; 
  • обезбедување поголема вклученост на локалните заедници и граѓанското општество во мониторингот и заштитата на водните ресурси. 

Подготовката на овој документ е дел од пошироките напори на FLOROZON за промовирање на транспарентно, одговорно и одржливо управување со природните ресурси, во согласност со принципите на еколошката демократија.
Документот е достапен на следниов линк:  МК верзија ; АНГ верзија

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на граѓани ФЛОРОЗОН-Центар за еколошка демократија Скопје

Продолжи со читање

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

  • АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители

    Оваа публикација/водич е изработена во рамките на проектот „Асистивна технологија – алатказа социјална инклузија“, кој го реализира Здружението за асистивна технологија „Отворетеги прозорците“ со поддршка на Европската Унија преку проектот CORDIAL – Создавањерегионални можности за активности и законодавство за инклузија на лицата со попреченост. Содржината на оваа публикација/водич е единствена одговорност на Здружението за асистивнатехнологија …
    АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители Read More »
    The post АСИСТИВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖУВА НЕЗАВИСНОСТ, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО – Водич за креатори на политики, професионалци, сервисни служби, индивидуалци, родители appeared first on Open The Windows.

  • Регионален форум: Зелената агенда како можност за локален економски развој

    Како националните зелени политики да се преточат во конкретни локални мерки, инвестиции и подобри услуги за граѓаните? Ова прашање ќе биде во фокусот на Регионалниот форум „Зелена агенда: од национални политики до локални економски можности“, што Центарот за климатски промени го организира на 30 октомври 2026 година, во хотелот „Холидеј

  • Регионален извештај 2026: застој на реформите и намалени средства за граѓанските организации

    Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) успешно ја одржа онлајн промоцијата на Регионалниот извештај за 2026 година за овозможувачка околина за развој на граѓанското општество во Западниот Балкан и Турција. Настанот обедини истражувачи, експерти за политики, претставници на граѓанскиот сектор и партнери од Европската Унија.

  • Од градење патишта до дигитална безбедност: Поврзаноста со ЕУ како градење имунитет против геополитичките потреси

    Како една мала држава да остане стабилна во свет полн со војни, хибридни закани и нестабилни синџири на снабдување? Одговорот што се наметна на панел-дискусијата „Стратешка поврзаност за стабилност: ЕУ и Северна Македонија во новата геополитичка реалност“ е поврзаноста со Европската Унија. Тоа не значи само патишта и пруги, туку и енергија, дигитална безбедност, силни […]
    The post Од градење патишта до дигитална безбедност: Поврзаноста со ЕУ како градење имунитет против геополитичките потреси appeared first on IDSCS.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор