Панел дискусија: Управување со различностите

Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР), ги поканува сите заинтересирани, на панел дискусија на тема: “Управување со различностите”, која ќе се одржи на 18.02.2016 година (четврток), со почеток во 12.30 часот во просториите на М6 Едукативен центар во Скопје.

Панел дискусијата има за цел, размена на искуства и практики во однос на управувањето со различностите, генерирање на идеи и согледување на ставови дали политиките за управување со различностите се значајни за успехот на организацијата, еднаквоста и недискриминацијата на луѓето (вработените) врз основа на различностите.

Овој проект е една од граѓанските иницијативи за делување во општеството, со цел подигнување на свеста за потребата од почитување на различностите, интегрирање и почитување на сите индивидуи во единствен систем на еднакво и непристрасно вреднување без дискриминација и за промоција на систем за еднакви можности на вработените, без оглед на разликите кои произлегуваат од политичката ориентација, сексуалната ориентација, половата различност, разликите во возраста, припадноста на различни етнички групи, припадноста на различни религии, посебните потреби на лицата, ниво на образование и др.

Панелот е организиран во две сесии:

  1. „Како да управуваме со различностите во работната средина, предизвик или предност?!“
  2. „Недискриминација, еднакви права и можности во работните односи, етичко однесување!“

Оваа панел дискусија е дел од тековниот проект „Со различности до напредок“, што МАЧР го спроведува во соработка со Организацијата на работодавачи на Македонија, а со поддршка на програмата за развој на граѓанско општество Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), имплементирана oд Македонски центар за меѓународна соработка -МЦМС, НИРАС од ДАНСКА и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ).

Погледнете ја програмата за настанот.
Заради ограничениот простор, Ве молиме да го пријавите Вашето присуство на contact@mhra.mk или преку online формата (овде).

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор