На 19 февруари 2016 година, со почеток од 11 часот во просториите на Домот за млади во Старо Нагоричане, ќе се одржи информативна средба на неформалната мрежа на граѓански организации од Северо-источниот плански регион.

На информативната средба ќе биде идентификувана состојбата со миграцијата во општина Старо Нагоричане, проблемите со кои се среќаваат жителите, нивните потреби, ќе се разговара за тоа како да се создадат услови за намалување на невработеноста и како да се воспостават мерки за намалување на миграцијата.

Промоцијата и прифаќањето на најдобрите практики за намалување и справување со миграцијата во регионот ќе биде задача не само на граѓанските организации, туку и на локалните власти и бизнис секторот.

На информативниот состанок ќе учествуваат претставници на Здружението „Козјачија во срцето“ од Старо Нагоричане, Здружението Извор од Кратово, „Цивис“ од Куманово, „ИЦЗ“ од Липково, ЦРЗ ДРОМ од Куманово, „Јустиција“ од Куманово, Здружението „Етно ризница“ од Куманово, на бизнис секторот од регионот, претставници на локална самоуправа на општина Старо Нагоричане и жителите од општината.

Информативниот состанок е дел од проектот „Нова надеж-нови перспективи“, финансиран од Цивика мобилитас.