Во периодот од 19-ти мај до 29-ти јуни 2017 година, Здружението за рамноправен развој „Решенија за развој, одржа 8 регионални обуки на тема „Како да ја користите новата Е-платформа на програмата Цивика Мобилитас“.
Обуките беа спроведени во рамки на проектот Е-платформа за соработка и развој на граѓанското општество во Република Македонија, финансиран преку специфичен грант од програмата Цивика мобилитас. Проектот има за цел да се зголеми и подобри употребата на информатички и комуникациски технологии (ИКТ) во промовирањето на работата, соработката, и развојот на ГО во Република Македонија.

Галеријата од обуките е достапна на следниот линк.