[Aggregator] Downloaded image for imported item #43142

Од био-отпад до вредни ресурси: Научниот караван во ООУ „Рајко Жинзифов“ – Драчево

Првиот и најважен чекор кон намалување на био-отпадот е неговото спречување. Но, подеднакво значајно е и препознавањето на можностите био-отпадот, наместо да заврши на депонија, да се пренамени и претвори во корисни производи со реална вредност.

Водени од ова мото, активностите на Научниот караван продолжија и оваа седмица. Во вторник, на 9 декември, караванот го посети ООУ „Рајко Жинзифов“ во Драчево, каде што беше реализирана „Работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпадот за ученици“.

Учениците беа активно вклучени уште пред самиот настан, со задача да го соберат искористеното масло од дома, како и да соберат, исушат и донесат лушпи од компири. Овој пристап овозможи директна поврзаност помеѓу секојдневните навики во домаќинствата и еколошките теми обработени на работилницата.

Резултатите беа повеќе од охрабрувачки. Учениците самостојно изведоа два практични експерименти – производство на биодизел и биопластика – и учествуваа во дискусии поврзани со пренамената на био-отпадот и улогата на циркуларната економија во заштитата на животната средина. Преку практична работа, тие стекнаа нови знаења и ја развиваа свеста за личната одговорност и можноста за позитивна промена.

Научниот караван, реализиран од Resource Environmental Center – REC North Macedonia, Еко Логик и Center for Environmental Democracy – Florozon, продолжува и во другите училишта во општините Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров. И во наредниот период, особено во новата година, следуваат уште многу едукативни и инспиративни активности со учениците и училиштата.

Искрена благодарност до директорката на училиштето, наставниот кадар и учениците за одличната соработка и отвореноста за учење и експериментирање.

Настаните на отворено со караванот за демонстрирање експерименти во училиштата се реализираат во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, кој го спроведува Центарот за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Македонија, во партнерство со Еко Логик и Center for Environmental Democracy – Florozon. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата за поддршка на граѓанското општество Civica Mobilitas.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор